Во празничен ден, особено доколку не е викенд, идеално време е за искачување до врвот на Водно. Многу пати сум се уверил во тоа. И денес не згрешив(ме). Тотално растоварена од гужва, патеката до врвот ни понуди само убавини, а небото дури не’ почести и со ситен град на половина пат. Дефинитивно ова е најубавиот пристап до Крстовар, откако претходно во тоа се уверив пред неколку години во есенски услови. Овој пат и пролетта покажа дека може да биде магична.
По чајчето и сладоледот во планинарскиот дом, следеше посетата на нашиот омилен видиковец на патот кон Матка. Потоа се вративме повторно долу, на почетната точка, каде отец Пантелејмон, за жал, беше зафатен со празничните посети, но си ветивме дека, освен неговите посети во книжарница, следниот пат (набргу!) конечно ќе ме прошета низ атарот на прекрасниот манастир од 12 век, на чие разубавување интензивно се посветени веќе неколку години.
Линк до текстот од есенските илуминации на истата патека: