Вчера во книжарница се продаде последниот примерок од „Ноември“. Тиражот не беше голем, но многу ми е драго што мојата прва стихозбирка наиде на интерес кај читателите. Не е лошо чувството да си поет на 50+ 🙂
Им благодарам на сите што „Ноември“ ја вдомија во својата библиотека.
По тој повод, честам песна од книгата 😉

Гласник
црноокиот
волк
завива во
дворот
црноокиот
волк
го зборува
мојот јазик
црноокиот
волк
ја знае
иднината
црноокиот
волк ‒
гласник на
судбината
го гледам низ
прозорецот
неговото стамено
држење
неговото страстно
виење
неговиот поглед во
потсвеста
неговата жед за
вистина
месечината е
блудна
надоаѓа
плима
се плашам
да му пријдам
ја отворам
широко вратата
и му посакувам
топло добредојде
црноокиот
волк
не е наивен
тој е гласник
и вие ли вие
го познавам
јазикот
со кој ми
соопштува
дека циклусот
набргу завршува
и дека е
време
за враќање во
изветвениот
кожурец
неговото
заминување
го доживувам како
траума
подготвувајќи се
да се соочам
со новата
вистина
збогум
пријателе
до следното
видување
сакам да
знаеш
дека не е моја
вина
што изигруваш
гласник
при секоја нова
емотивна
плима
