Вечерва македонско издание на „Мезанин“: во целост „Лолитату“ на Фолтин, но и „Скици од минатото“ на Бодан и Кокан од „Леб и сол“. Полна капа!

Вечерва македонско издание на „Мезанин“: во целост „Лолитату“ на Фолтин, но и „Скици од минатото“ на Бодан и Кокан од „Леб и сол“. Полна капа!
Изминативе неколку филмски сезони повеќе од успешна се покажа формулата за екранизирање на популарни литерарни серијали, кои се темпира да се појават пред или по Новогодишните и Божиќните празници. Трилогијата „Господар на прстените“ и серијалот “Хари Потер“ го наметнаа овој ритам, кој неминовно мораше да продолжи со зачнување на ново повеќеделно „филмско чудовиште“.
Вообичаено римејкот на еден класик никогаш не може да ги достигне неговите високо поставени естетски и кинематографски вредности, особено ако се работи за филм од далечната 1933 година, периодот на Големата депресија, и преминот на немиот кон звучниот филм. Како аргумент само би го спомнал фијаското на Гас ван Сент со римејот на „Психо“ на Алфред Хичкок од 1998 година. Башка фактот што на публиката одамна и’ здодеаја приказните за големите мајмуни, како новите верзии на „Годзила“ и „Моќниот Џо Јанг“, вклучувајќи го тука и првиот римејк на „Кинг Конг“ од не толку далечната 1976 година, кој во најмала рака беше исмеан.
Пред неколку години вистинско изненадување на доделувањето на Оскарите беше номинацијата на Кејша Кесл-Хјуз за нејзината улога во филмот „Whale rider“, во режија на малку познатата Ники Каро. По неколкуте награди за истиот филм на филмските фестивали ширум светот во 2003 година, Каро мудро ја чекаше својата шанса. Ваквиот развој на настаните и’ помогна да биде една од најбараните режисерки од страна на холивудските студија. Можноста се појави прилично брзо и носи наслов „North country“.
Со години наназад љубопитните „злобници“, но и вистинските фанови на Боб Дилан се прашуваат: Кој е тој? Копија на Вуди Гатри? Нарцисоиден фолк трубадур? Легендарен рокенрол бунтовник? Предавник? Генијалец? И сите ќе го пласираат своето мислење, а всушност, вистината ја знае само еден човек, кој мудро ја чува за себе веќе 40-тина години.
Во првата емисија во новата година, најдоброто од минатата, 2005-та, според „Мезанин“. Enjoy yourself 😉
10 квалитетни албуми од македонската музичка сцена од тековната 2005 година, во фокус во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Разговор со Сецко и Виктор за деби албумот на Мугер Фугер во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Британците од малото место Bury крај Манчестер, музички херои во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Со самото споменување на некој од насловите на филмовите на канадскиот режисер, ми се заврнува крвта во вените. Многупати досега, почнувајќи од видео-еуфоријата во нашата држава, кога под дрво и под камен се бараа определени филмски наслови, па се’ до денес, кога многу повеќе ни се достапни филмовите во било кој формат, неретко сум се нашол во ситуација да трагам по неговите маестрални остварувања се’ додека не ги собрав во целост. Затоа, неговиот нов филмски излет во непознатото, кој својата премиера ја доживеа на годинашниот филмски фестивал во Кан, го очекував со нетрпение.