Еден куп квалитетни музики во ова издание на емисијата, која ја започнуваме со мистер Ник Кејв 😉

Еден куп квалитетни музики во ова издание на емисијата, која ја започнуваме со мистер Ник Кејв 😉

Режисерот кој на најдобар можен начин ја интернационализира кинеско-тајванската кинематографија, Анг Ли, со филмот „Страст, внимание“ како да ја сними својата верзија на „Казабланка“, притоа постигнувајќи полн погодок. По прекрасните остварувања од 90-те години, меѓу кои се издвојуваат наградуваниот „Свадбена прослава“ и забавниот „Јади-пиј, маж-жена“, и по поставувањето на основите на новиот жанр, во кој главните протагонисти покрај тоа што одлично ги практикуваат боречките вештини, без проблеми и летаат („Притаен тигар, скриен змеј“), Ли замина на печалба во Холивуд, кадешто по неколку (условно) промашувања, ги чепна срцата на многумина со хомодрамата „Скршенгрб планина“, која му го донесе Оскарот. И кога еден автор толку бргу ќе стигне до врвот, веројатно му треба мала оддишка, што на некој начин и претставува актуелниот филм „Страст, внимание“, со сета негова романтичност и грандиозна раскошност.

Британските музички херои кои направија крш концерт и во Скопје, со новиот албум Songs in A&E, кој го преслушуваме во целост.

Во вечерашниот магазин, „контраверзното“ издание на „Браќа Манаки“ на релација Битола-Скопје, со многу гости и интервјуа. Горд сум што имав можност да направам интервју со великанот Вељко Булајиќ, а исто така и на разговорот со потомокот на Милтон, синот Леонид Манаки. Бидете вклучени 😉

Вечерашни наши херои, Британците „Прајмал скрим“, кои ќе ни раскажат за „прекрасната иднина“ која следи.

Фокус на моите њујоршки фаворити во вечерашниот магазин, по повод новиот албум „Snowflake midnight“.

Најголема заслуга за повторното актуелизирање на документарниот жанр на големото платно дефинитивно му припаѓа на режисерот Мајкл Мур, зад чии култни наслови „Куглање за Колумбина“ и „Фаренхајт 9/11“, иако несомнено се крие машинеријата на Демократите, сепак, тие се едно отворено четиво/критика на современите стравови и недостатоци во американското општество. По неговите социјално ангажирани ремек-дела стана многу популарно да се сними документарен филм кој ќе го привлече вниманието на кино-публиката ширум светот, тренд кој зема голем залет. Годинава еден од најинтересните вакви проекти е доку-драмата „Човек на жица“ на режисерот Џејмс Марш, филм кој светската премиера ја доживеа на Санденс, кадешто и жирито и публиката едногласно му ја доделија наградата за најдобар документарен филм.

Славната американска актерка има и одлична музичка кариера, вечерва ја слушаме со нејзиниот бенд The Licks. Загревање со музика на жени на работ од нервниот слом 😉

На почетокот од новата сезона на меѓупросторот на Радио Равел, интервју со дечкото што го направи хитот за оваа година. Стартуваме!
