Таг архива: фолтин

30 години Фолтин

Утревечер сите патишта водат кон Хераклеја, онаму кадешто приказната започна пред три децении. Фолтиновци полнат триесет лета – три децении исполнети со музика, три декади во кои тие (о)станаа светски, а наши, триесет години во кои ги поминаа сите фази што еден бенд можеше да ги помине, а на крајот, сепак, и покрај сите предизвици, се’ уште се заедно. А тоа вреди да се прослави.

Читај повеќе

30 години Независна музичка сцена, епизода 3

Летото е во полн ек, и некако ми се виде важно, погледнато од двегодишна дистанца, да го споделам мојот ангажман во проектот насловен „30 години Независна музичка сцена“, кој се реализираше од 20 до 22 август 2021 година на плажата „Оревче“ во Охрид, како непроценлив придонес и вреден архивски документ за македонската музичка сцена. Организатор на настанот кој на едно место ги собра повеќето релевантни македонски ди-џеи и неколку актуелни бендови беше ЕЕММ Group, a поводот беше навистина убав – 30 години независна и слободна Македонија!

Читај повеќе

Скарлет Јохансон и битолското лоби во „Мезанин“

Освен што е многу привлечна, таа знае и да одлично да пее. Скарлетка вечерва им парира на Битолчаните „Фолтин“ и „Три минути на дождот“. Лудило!!!

Читај повеќе

Фолтин + Бодан & Кокан во „Мезанин“ 135

Вечерва македонско издание на „Мезанин“: во целост „Лолитату“ на Фолтин, но и „Скици од минатото“ на Бодан и Кокан од „Леб и сол“. Полна капа!

Читај повеќе

Фолтин во „Мезанин“ 41

Трите најдобри македонски албуми во 2003 според „Мезанин“: ги свират План Б, Фолтин и ТБ Трачери.

Читај повеќе