Во галерискиот простор на КИЦ во тек е изложбата насловена „Дрезден: Лица, Простори, Време“ на тројца фотографи: Иван Блажев, Александар Кондев и Матијас Шуман, под кураторство на Владимир Јанчевски. Изложбата, отворена во петокот, ги отвори и „Деновите на европско Скопје 2019“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, кои ќе траат и во следниве денови проследени со уште неколку настани од културата.
Архива за категоријата: Скопје
Градски парк, Природонаучен музеј, д-р Станко Караман – Скопје, есен 2019
Лудило! Веќе е 19 октомври, а дневната температура никако да падне под 25 степени. Вака ќе тера и следната недела. И додека ЕУ и „современиот Наполеон“ не’ зезаат по којзнае кој пат, повторно внесувајќи немир во нашите животи кои се обидуваме на ваков или онаков начин достоинствено да ги „издржиме“, околу нас си трае таканареченото „индијанско лето“, или по нашки, „ѓупско лето“, баш на средина од есента. Овој период од годината отсекогаш бил фасцинантен доколку се одлучите за безгрижна прошетка низ градскиот парк, бидејќи вакви нијанси на бои никогаш нема да сретнете во друг период од годината во центарот на метрополата.
Наградените филмови на „КинеНова“ 2019
Според реакциите на публиката и медиумите, годинашното, четврто издание на „КинеНова“ донесе возбудлива програма, на задоволство на филмските сладокусци. Посетеноста на кино-проекциите и неколкукратното полнење на кинотечната кино сала беа доволен доказ за тоа. За мене претставуваше голема обврска, но и кеиф да се одделат најдобрите дебитантски остварувања и да се стават пред судот на посетителите и тричленото жири, кое исто така имаше само пофални зборови за понуденото.
Рускиот документарист Васили Мански како претседател, човекот за чиј филм „Путиновите сведоци“ имаше голем интерес и преполна сала, и членовите Јесим Устаоглу, турска режисерка, со која направивме многу фин муабет на сцена заедно со ad hoc гостинот Влатко Стефановски, композиторот на музиката за нејзиниот филм „Патување до сонцето“, и Ана Хофман, селектор на „Форум“ програмата на Берлиналето, ги издвоија најдобрите, и ми се чини дека годинашните награди на „КинеНова“ отидоа во вистински раце за вистинските филмски перформанси.
Витали Мански – политика и филм!
Главна филмска „ѕверка“ на четвртото издание на „КинеНова“ е рускиот документарист Витали Мански. Тој пристигна во Скопје на 04 октомври, и веднаш од аеродром се појави на закажаната конференција за новинарите во очи на отворањето на фестивалот. Мански беше расположен за разговор, несебично впуштајќи се во објаснувања поврзани со неговиот филм „Путиновите сведоци“, кој минатата година победи во Карлови вари, и кој беше прикажан на „КинеНова“ како специјална проекција со присуство на авторот.
Исклучителни филмови на 4-то издание на „КинеНова“
„КинеНова“ и официјално ја објави програмата на своето четвртото по ред издание на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм, кој годинава ќе се одржува од 05 до 13 октомври во Кинотека. Исклучок е единствено отворањето на фестивалот во киното „Милениум“ на 04 октомври, со филмот-победник на годинашното издание на фестивалот во Карлови Вари, „Таткото“ на бугарскиот тандем Катерина Грозева и Петар Валчанов. Седумте филмови во официјалната селекција од кои на крајот жирито ќе ги избере најдобрите, надополнети со неколку возбудливи споредни програми, се вистински мамец за филмските сладокусци и оваа година да го посетат фестивалот и да уживаат во понудената порција од совршени филмски колачиња.
New music first, кон „Здраво млади 9“
Лани на први септември, а годинава ден порано, фестивалот „Здраво млади“ со деветтото издание ја докажа својата зацртана траекторија по која се движи сите овие години, преточена во јасниот слоган „New music first“. За разлика од загрепскиот „ИнМјузик“ и новосадскиот „Егзит“, кои годинава ја имаа среќата хедлајнери да им бидат The Cure, па продажбата на влезниците одеше како алва, МКЦ како организатори на овој фестивал на сосема различен начин и’ пристапуваат на музиката и претставуваат вистински свеж здив во регионот, што може и да се препознае по посетеноста, каде реки млади луѓе беа дел од возбудливиот настан синоќа во паркот зад МКЦ.
Скејт и ајвар
Кон документарниот филм „Тетовски самрак“ на Билјана Гарванлиева и Мануел Цимер
„Ние имаме толку многу интересни животни приказни, а речиси никаква продукција на авторски документарци, кои треба да содржат прецизна структура и јасна слика за тоа како ќе се сними филмот, а притоа да не се изгуби личниот и спонтан однос кон својата приказна, за на крајот филмот да изгледа како се’ да се случува само по себе. Тоа се вика среќата на документаристот“.
Последен поздрав до Сидо
„Еј, ај после часови да одиме до Корчагин, има еден професор што држи часови по филозофија и естетика, супер е, ќе чуеме нешто ново“, падна предлог на голем одмор во Орце, и секако, попладнето следевме предавање на професорот Сидовски од кое паднавме на газ. Потоа отидовме уште неколку пати, бидејќи во материјата почна да вклучува и филмска уметност, а сето тоа за нас беше премија.
Подоцна со Сидо редовно се гледавме на разните проекции и фестивали низ градов и дискутиравме за погледнатите филмови, бевме дел од неколку жирија, два пати го поканив на интервју во „Филмополис“ по повод неговите нови непрофесионални филмски остварувања, за на крајот да ми биде и еден од промоторите на книгата „Филмски град“ минатиот октомври.
Кон концертната промоција на албумот „Devotion“ од Мухамед Ибрахими
МКЦ, кино „Фросина“, 17.05.2019, 21 часот
Во предвечерјето на евровизиската халуцинација на која ќе биде подложена речиси целата македонска нација, сметајќи дека ги достигнала врвните дострели во поновата музичка историја, во МКЦ се случи долгонајавуваната концертна промоција на вториот албум „Devotion“ на мултиинструменталистот Мухамед Ибрахими. Во опуштена и пријателска атмосфера, музичката сцена која жилаво се бори да опстане уште еднаш докажа дека знае да изнедри ликови кои животот на ова тло, во овој град, го прават поднослив, па дури и на моменти хедонистички пријатен. Големата непознаница за поголемиот дел од публиката конечно на прекрасниот концерт го покажа своето вистински талентирано лице и ни приреди задоволство на сите нас, присутни таа петочна вечер во култниот дом на култура крај Вардар.
ИЛИ-ИЛИ на Саемот на книга 2019
Настап во рамките на Утринската програма на ТВ Телма по повод новите изданија и комплетното претставување на ИЛИ-ИЛИ на претстојниот Саем на книга 2019 во Скопје.