Новите британски херои со деби албумот, во фокусот во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Новите британски херои со деби албумот, во фокусот во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Додека Џони Кеш се’ уште беше жив, во Холивуд се појави сценарио за животот и кариерата на големиот кантри музичар. Но дури четири големи студија го одбија овој проект, без никакви цврсти аргументи. Откако Кеш почина во 2003-та, овој ракопис стана суво злато и беше само прашање на време кога ќе се реализира.

Господинот џек-ес, лузер, или како мулувате, откачениот Бек Хансен, со новиот материјал во меѓупросторот на Радио Равел.

Aluminum group и The WorldInferno Friendship Society за прв пат во меѓупросторот на Радио Равел. Возбудлива музика 😉

Новиот албум на њујоршките херои Д Строукс во целост во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

За жал, според најавата/одјавата, „експедицијата“ го одржа нивниот последен концерт. Вечерва им посветуваме простор на музичките херои од 90-те 😉

Вечерва македонско издание на „Мезанин“: во целост „Лолитату“ на Фолтин, но и „Скици од минатото“ на Бодан и Кокан од „Леб и сол“. Полна капа!

Изминативе неколку филмски сезони повеќе од успешна се покажа формулата за екранизирање на популарни литерарни серијали, кои се темпира да се појават пред или по Новогодишните и Божиќните празници. Трилогијата „Господар на прстените“ и серијалот “Хари Потер“ го наметнаа овој ритам, кој неминовно мораше да продолжи со зачнување на ново повеќеделно „филмско чудовиште“.

Вообичаено римејкот на еден класик никогаш не може да ги достигне неговите високо поставени естетски и кинематографски вредности, особено ако се работи за филм од далечната 1933 година, периодот на Големата депресија, и преминот на немиот кон звучниот филм. Како аргумент само би го спомнал фијаското на Гас ван Сент со римејот на „Психо“ на Алфред Хичкок од 1998 година. Башка фактот што на публиката одамна и’ здодеаја приказните за големите мајмуни, како новите верзии на „Годзила“ и „Моќниот Џо Јанг“, вклучувајќи го тука и првиот римејк на „Кинг Конг“ од не толку далечната 1976 година, кој во најмала рака беше исмеан.
