Стариот, добар рокер со новиот, но и стариот материјал во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Стариот, добар рокер со новиот, но и стариот материјал во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Разговор со Филип Јаневски за нивниот деби албум „Враќање кон светлината“ во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

„Контакт“ на Сергеј Станојковски го следевме уште од неговиот зачеток. Првата клапа се случи на 8 ноември, а последната на 18 декември 2004 година. Се снимаше на локации во Скопје и околината. Сè тоа беше во ред, освен приказната за Сергеј Станојковски, кој беше тотална непознаница за пошироката македонска јавност. Човекот што студирал камера на филмската академија во Загреб, па се префрлил на документарен филм и режија на славната ФАМУ во Прага, доби шанса да го сними своето прво целовечерно остварување со тежината на фактот дека неговиот филм е прв од Македонија што доби поддршка од европската Еуроимаж, сон на секој европски филмаџија. Продуцент од германска страна беше Марчело Бусе, а од македонска Томи Салковски.
Нирвана, Интерпол, Блур, Рејдиохед… и еден куп други квалитетни бендови во вечерашниот медли меѓупростор на Радио Равел.

Омилените теми на Flaming lips на компилацијата Late night tales во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Меѓупросторот на Радио Равел во нов термин, среда во 22 часот. Репризите ќе одат сега веќе во стариот термин, сабота од 20 часот. Во фокусот, првиот соло албум на Били Корган од Смешинг пампкинс.

Фокус на новиот албум „X&Y“ на почетокот од третата сезона на меѓупросторот на Радио Равел.

Не сакаа да станат меинстрим херои, но сакале-нејќеле, тоа им се случи. Јас ги сакам уште од Parachutes и Rush of blood to the heads. Вечерва со новиот албум XY.

Беа Џој дивижн, продолжија како Њу ордер, и повеќе ништо не беше исто. Манчестерските херои имаат нов албум, вечерва го преслушуваме во целост.
