Портрет во Струмица

„Има една вредна група на уметници во Струмица кои гравитираат околу ликовната уметност, книжевноста, театарот, филмот, музиката… и постојано создаваат нови перспективи преку настаните, изданијата, претставите… на тој начин одржувајќи го здрав духот на градот. Имам неверојатна среќа што моите книги и текстови им се допаѓаат. Во среда, на 17 септември, ќе се обидеме да направиме синергија меѓу присутното и возможното, создавајќи убав темел за понатамошни дружби и соработки“.

Ова беше најавата за настанот „Портрет на Игор Анѓелков“ во организација на „Здружението за култура – Транзен“, а во продолжение одиме со пост фестум доживувањата од Југот 😉

Синоќа Струмичани во Europe house ме пречекаа со сите марифети, со што уште еднаш се потврди дека еден град го сочинуваат луѓето. Се’ додека постојат убави луѓе, градот може да дише, да биде жив и да граби напред. Мораме да се држиме до тие мали островчиња што преостанаа.

Домаќините Далибор Плечиќ и Никола Пијанманов беа на вис(т)инско ниво, а посетителите внимателно го слушаа разговорот со кој отворивме многу теми за кои вреди да се зборува во ова време-невреме во кое живееме.

На крајот се поставија и многу провокативни прашања, и настанот кој требаше да трае 30-40 минути се оддолжи на час и половина. Но сите рекоа дека можело да потрае и половина час плус 🙂

Следеше заслужено опуштање во South side.

Каква прекрасна енергија. Незаборавна ноќ!

Благодарност, добри луѓе 😉