Таг архива: графити

(Скопски) ГРАФИТИ

Во 2005 година излезе една симпатична книгичка која имав чест да ја конципирам и приредам за македонските читатели, во издание на „Темплум“. Многу ми е драга бидејќи претставува мое прво официјално печатено издание на кое сум работел, девет години по издавањето на самиздатот „Четири“ и една година пред излегувањето на првата збирка раскази „Кротки приказни“ (ИЛИ-ИЛИ, 2006).

Во 19 поглавја успеав да приредам стотина графити напишани врз светските ѕидови, а на крајот од книгичката, како специјален додаток, и дваесеттото поглавје со „Скопски графити“. Се сеќавам дека со денови кружев со велосипед по градот и ги запишував графитите кои моите сограѓани ги оставале на ѕидовите околу нас. Сите нив ги имате во вториот дел од написов под оригиналниот наслов „Скопје, те чекам на крстосницата на Рузвелтова и Орце Николов“, како одраз на едно време во кое сме живееле и твореле. Сепак, започнуваме со воведниот текст.

Читај повеќе

Стрип и графити во Драма

Најпознат настан од областа на културата во Драма е Фестивалот на кратки филмови, кој годинава се одржува по 42 пат. Но, со своето прво издание и големиот интерес пред се’ од младите уметници и љубители на деветтата уметност, Стрип фестивалот има тенденција да стане традиционален и на едно место да ги собира како домашните, така и интернационалните стрип уметници. На неколку локации низ градот се поставени табли од грчките стрип мајстори од старата и новата генерација, како и оние на годинашните специјални гости од Италија. Еве ги стрип-таблите поставени во Археолошкиот музеј на тема – Втора светска војна:  

Читај повеќе