Таг архива: жири

Кон „Паноптикон“ на Георге Сикарулидзе

Победник на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“, чие десетто, јубилејно издание финишираше на почетокот на минатиот месец, e грузискиот филм „Паноптикон“ на сценаристот и режисер Георге Сикарулидзе. Жирито во состав Срдан Голубовиќ (режисер), Владимир Самоиловски (кинематографер) и Хамед Солејманзадех (филмски критичар) својата одлука ја образложија на следниот начин: „Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на очекуваното, внесувајќи нè во светот на личниот, кревкиот и еротски универзум на главниот лик. Чувствителноста, храброста, непредвидливоста и ранливоста на ликовите во филмот создаваат мозаик од необичен и фасцинантен свет на непознатата Грузија“. Сето ова е доволна провокација за потсетување и препорака за филмот, претставувајќи го во продолжение ова мало ремек-дело од различни агли.

Читај повеќе

Наградените филмови на „КинеНова#10“

На 2 октомври се случи свеченото доделување на наградите „Златна грива“ во рамките на десеттото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „КинеНова“. Жирито во состав Срдан Голубовиќ, српски режисер и претседател, и членовите Владимир Самоиловски, македонски кинематографер и Хамед Солејманзадех, ирански филмски критичар, откако изразија задоволство од селекцијата на кратките и долгометражните остварувања во официјалните селекции за наградите, ги донесоа следниве одлуки:

Читај повеќе

„КинеНова#10“: Интервју со Хамед Солејманзадех, член на „КинеНова“ жирито

Хамед Солејманзадех е ирански филмски критичар, филмски филозоф, режисер и предавач на Универзитетот во Гетинген, Германија и на Академијата DAM во Рим, Италија. Член е на FIPRESCI, а неговата кариера вклучува членување во жиријата на повеќе од триесет престижни филмски фестивали и настани низ целиот свет. Тој е и основач и директор на Меѓународниот фестивал на краток филм „Абас Кјаростами“. Оваа година, во рамките на „КинеНова“, покрај тоа што ќе има улога да одлучува за наградите на најдобрите, заедно со другите членови на жирито, ќе одржи и мастерклас за студентите по филмска и театарска уметност, каде што ќе ја презентира поетиката на иранската кинематографија, која има голем број обожаватели во Македонија.

Читај повеќе

Наградените филмови на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“

Од 7 до 12 август во Дојран по четврти пат се одржа Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“. Со колегите Христос Пасалис (актер и режисер од Грција) и Теодосија Добријанова (бугарска режисерка и продуцентка) ја имав честа да бидам дел од меѓународното жири кое одлучуваше за фестивалските награди. Официјалната селекција содржеше пет филмови кои доаѓаат од земји кои се дел од медитеранскиот басен, додека селекцијата на краткометражни остварувања содржеше петнаесет наслови.

Читај повеќе

Кон „Баломанија“ на Сисел Морел Даргис

На штотуку завршеното 15-то издание на „Македокс“, наградата „млад кромид“ за најдобар дебитантски документарен филм ја доби „Баломанија“ на Сисел Морел Даргис. Филмот на данската режисерка се издвои од останатите со својот квалитет, и беше единствен наслов кој фигурираше во мојата и во листите на Маел Генгес и Воутер Јансен, како членови на жирито кое одлучуваше за оваа престижна награда. Се разбира, со колегите на долго и на широко дискутиравме за сите филмови во одличната селекција составена од девет први или втори остварувања на младите режисери, но „Баломанија“ со својата позитивна енергија ни ги освои срцата.

Читај повеќе

Лауреати на КинеНова#7

Синоќа во кинотечниот кино храм членовите на интернационалното жири на седмото издание на „КинеНова“ ги соопштија добитниците на годинашните фестивалски награди.

Читај повеќе

Луцидно патешествие во источна Турција

„На пат кон училиште“ на Озгур Доган и Орхан Ескиној

Првото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје повторно го врати во фокусот малку подзаборавениот жанр во нашата кинематографија, толку успешен во минатото. Навистина беше прекрасно да се биде дел од непретенциозната атмосфера во преубавиот Куршумли ан, под отворено небо, што од друга страна, го отвора прашањето за отворање на вистинско и наменско летно кино во метрополата. Но за таа тема во друга прилика, бидејќи во следните редови ќе се обидам да ги пренесам чувствата кои ги предизвика победникот на фестивалот, турскиот документарен филм „На пат кон дома“, кој ја доби наградата „Млад кромид“ за најдобар деби филм од тричленото жири, во кое покрај мојата маленкост тука беа и колегите од Србија и Хрватска. Конкуренцијата беше навистина жестока и изборот ни беше тежок, но по креативната дискусија и аргументие ставени на маса, ова остварување на крајот не’ освои со своето големо срце.

Читај повеќе