Деновиве од печат излезе новиот број на списанието за култура, уметност и општествени прашања „Културен живот“ . Се работи за најдоброто периодично издание кај нас кое не го згази времето, туку напротив, два пати годишно продолжи да објавува битни културолошки текстови од различни области, задоволувајќи ги и најистенчените вкусови на читателите. Првиот број на списанието е објавен во далечната 1956 година, и токму затоа, им го честитаме седумдеценискиот јубилеј, со желба уште долго да бидат присутни на сцената.



