Таг архива: молчи

Романескниот крик пред замолчената историја

Книжевен есеј
пишува: Марија Ѓорѓиева Димова

„Нема книжевност без сеќавање, без минато и без носталгија: ако забораваш лесно, никогаш нема да напишеш ништо“. Миљенко Јерговиќ

„Прашањето не е само што се случило, туку прашањето е како дадениот настан е искусен, како е запаметен и како е пренесен врз наредните генерации“. Алеида Асман

Романот „Молчи со отворена уста“ (2019) на Снежана Младеновска Анѓелков е значајно книжевно остварување, не само со оглед на неговата парадигматичност во однос на одделни тенденции во современата проза (како на пример, интерполациите на автобиографскиот дискурс во книжевниот/романескниот текст или, пак, книжевниот/романескниот интерес за историјата), туку и со оглед на тоа што романот жанровски ја збогатува македонската книжевност, создавајќи еден интердискурзивен хибрид (1).

Читај повеќе

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Точно по половина година од промоцијата на книгата „Молчи со отворена уста“, вториот роман на Снежана Младеновска Анѓелков, кој во меѓувреме влезе во финалето на наградата “Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“, се потсетуваме на таа прекрасна вечер во МКЦ Клуб ресторанот преку видео запис од настанот.

Читај повеќе

Два огледи, еден роман: Молчи со отворена уста

Во четвртокот (28 ноември) во МКЦ клуб ресторанот се одржа промоцијата на вториот роман „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Во прекрасна атмосфера со многу насмеани лица, која музички ја обликуваше маестро Мухамед Ибрахими на акустична гитара, промоторките Елизабета Баковска и Калина Малеска со својот настап успеаја во целост да го привлечат вниманието на присутните, кои внимателно и љубопитно ги проследија нивните промотивни говори. Молкот беше и повеќе од посакуван за да се чујат излагањата на двете писателки, токму оној молк за кој и зборува авторката на книгата, а за кој и Баковска и Малеска се осврнаа во своите текстови. Во продолжение, интегрално, нивните гледишта за романот кој отвора многу прашања и кој треба да предизвика интересни книжевно-политички полемики, доколку сме нормално општество со здраво интелектуално јадро.

Читај повеќе

„Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков

За сите беше огромно изненадување кога петчленото жири за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник одлучи таа да отиде во рацете на дебитантката Снежана Младеновска Анѓелков за нејзиниот прв роман „Единаесет жени“. Тоа како да ја подотвори вратата и за другите автори од новата генерација на македонски писатели во следните години, односно, како да ја смени матрицата на размислување, конечно воочувајќи дека и кај нас почна да се создава нова, квалитетна литература која, зошто да не, треба и да се вреднува. По осумгодишна пауза авторката се враќа во книжевноста со својот втор роман, „Молчи со отворена уста“, како 177 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ.

Читај повеќе