Таг архива: урбан

Кон филмот „Пола ИКС“ на Лео Каракс

Девет години по неговото маестрално остварување „Љубовниците од Понт-Неф“, францускиот контраверзен филмски естетичар Лео Каракс го сними „Пола ИКС“, според романот на Херман Мелвил, Pierre or The Ambiguilties. По три филма базирани врз оригинален материјал, режисерот се одлучи да загребе под површината на литературата, односно да го адаптира романот кој длабоко го одбележал неговиот адолесцентски период од животот. Меѓутоа, врската која ги одбележува сите негови досегашни остварувања, од „Boy meets Girl“ (1983), преку „Bad Blood“ па се’ до споменатиот „The Lovers…“ (1991), вклучувајќи го и актуелниот наслов, е темата која датира уште од антиката – инцестуозната љубов, или поблаго кажано, љубовта меѓу братот и „можната“ сестра.

Читај повеќе

Кон музиката за филмот „Hannibal“ на Hans Zimmer

Ова парче 54-минутна музика за филмот „Ханибал“ на Ридли Скот го потпиша еден од најпочитуваните композитори во филмската индустрија, Германецот Ханс Цимер. Неговата епопеја започна во средината на 80-те, кога заедно со Дејвид Брн и Ричи Сакамото ја направи музиката за култниот филм „Последниот кинески цар“ на Бернардо Бертолучи, која им донесе и неколку награди, но се чини дека почетоците на компонирање на музика за филм истовремено беа и достигнување на врвот на креативноста за Цимер, па останатите саундтраци беа само повторување на добро познатата формула (Црн дожд, Дождливиот човек, Возејќи ја г-ца Дејзи…).

Читај повеќе

Кон музиката за филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ на Tan Dun

Филмскиот бисер од последнава година, „Притаен тигар, скриен змеј“ на Анг Ли е звучно надополнет со уште еден музички бисер, саундтракот за филмот, кој содржи 15 теми компонирани од Тан Дан. Режисерот Ли кој има сериозен холивудски бекграунд („Sense and sensibility“, „The Ice storm“) сними приказна која претставува хибрид на тајванската и кинеската култура напишана на мандарински јазик, а Тан Дан, фантастично координирано, го надополни делото со звуци што елегантно се надоврзуваат на мултикултурните обрасци и влијанија при создавањето како на филмското, така и на музичкото дело како две засебни, но сепак комплементарни целини.

Читај повеќе

Иранска кинематографија: Уметноста како најголемо достигнување на цивилизацијата

Новиот бран на иранскиот филм докажува дека, и покрај сите проблеми инспирирани од религијата, културата и општествените процеси, создавањето на вистински уметнички дела е далеку од невозможно

Читај повеќе

Кон филмот „Меѓу твоите нозе“ на Мануел Гомез Переира

Шпанците го имаат наследено природното право да снимаат филмови за сексуалноста, притоа разголувајќи ги сопствените биполарни фрустрации наметнати од модерното општество. Тоа, особено во 90-те, се покажа како успешна формула во случајот со „розовиот“ Алмодовар, кој привремено ја заврши сопствената приказна во 1999 година со „Палма“ и „Оскар“ во рацете за филмот „Се’ за мојата мајка“. Токму во истата година на Берлиналето беше промовирано и новото остварување на режисерот Мануел Гомез Переира, „Entre las Piernas“.

Читај повеќе