Таг архива: урбан

Кон „Murray street“ на Sonic youth

До пред неколку години, кога ќе излезеше нов албум од работилницата на Соник јут, тие фигурираа на насловните страници на речиси секој релевантен музички магазин во светот. Меѓутоа, денес работите не стојат така. И со право. Не дека тие не прават веќе добри албуми, напротив. Разликата е во тоа што нивните последни изданија не ги покажаа формулата и начинот на кој овој голем бенд на алтернативниот и експерименталниот рок ќе замине во вечноста, а на фановите, на оние исклучиво посветените, им останува само мирно и спокојно да го апсорбираат секое нивно ново парче музика, кое е дел од придобивките на долгата дваесет-и-нешто-годишна сонична авантура.

Читај повеќе

Совршена елеганција во непознавањето на филмскиот јазик

Кон „Plan 9 from outer space“ (1958) на Ед Вуд

Во рубриката во која ги претставуваме „најлошите дела“ во филмската историја одвојуваме простор за совршениот дијамант во таа жестока конкуренција, филмот „План 9 од друга планета“ на „најлошиот режисер на сите времиња“, Едвард Д. Вуд Џуниор.

Читај повеќе

Албум на месецот: MADCHESTER!

Кон саундтракот за филмот „24 Hour Party people“ (Various artists)

Конечно, по толку години следење на филмот и колекционирање на саундтраци, в раце имам комплетно остварување и бисер во мојата колекција – музиката од филмот „24 часа шибај, играј и ниту за момент не застанувај“ *(слободен превод на авторот).

Читај повеќе

РЕТРО: Точка на љубовта

Кон „Zabriskie point“ (1970) на Микеланџело Антониони

Ова е едноставно – култен филм! Снимен кога спласнуваше едно големо историско придвижување на човечката позитивна енергија, „Котата Забриски“ на италијанскиот маг Микеланџело Антониони е еден вистински одговор на хипи движењето и на сето она што тоа го претставуваше (или само си мислеше дека го претставува). Бидејќи, да бидеме искрени, во хипи филозофијата закрила најдоа и разни шарлатани и манипуланти, кои само му наштетија на одличниот концепт на создавање креативен универзум, во кој би имало место за сите.

Читај повеќе

Кон „Длабокиот крај“ на Скот МекГи и Дејвид Зигел

Базиран според романот „Белиот ѕид“ на Елизабет Холдинг, филмот на режисерскиот тандем МекГи-Зигел претставува верно пренесување на едно литературно део на големото платно, доследно почитувајќи ги жанровските правила. Во современите трилери се’ повеќе се внесуваат нови и непотребни елементи, кои само создаваат поголема конфузија при перципирањето на филмот. За разлика од нив, „Длабокиот крај“ претставува чист пример за тоа како треба да се водат чувствата на гледачот до крајот на филмот, така постигнувајќи задоволителен ефект, без премногу помпа и изнасиленост.

Читај повеќе

Дебитантски бисер

Кон „Buffalo 66“ на Винсент Гало

Сето она што треба да го содржи еден дебитантски филм, несомнено, може да се најде во првото авторско остварување на актерот/сценарист/режисер Винсент Гало, „Бафало 66“ од 1998 година. Провокативна идеја, одлична глума, доволна количина на его, чувство за експерименталност, приказна пар екселанс, доза на автобиографизам, (извртен) хумор и, на крајот од краиштата, срце и душа што ве милуваат во текот на целиот филм.

Читај повеќе

Кон музиката за филмот „Амели“ од Јан Тирсен

Покрај квалитетната француска инвазија во различните жанрови на современата музика во последнава декада, подеднаков квалитет содржат и носачите нз авук на кои се поместени теми од француските филмови. По прекрасните саундтраци за филмовите „Големото синило“, „Бети блу“, „Доберман“, „Петтиот елемент“, „Леон“ и др, на светлината на денот се појави уште еден одличен албум со филмска музика – бисер преполн со добри филмски композиции. Се работи за саундтракот од филмот „Амели“ на режисерот Жан-Пјер Жене.

Читај повеќе

Кон филмот „Нора“ на Пет Марфи

Првиот наслов од новата филмска компанија на младите актери Јуен МекГрегор, Џони Ли Милер и Џад Ло, Natural Nylon, е филмот „Нора“. Базиран врз истоимената биографија на Бренда Медокс од 1988 година, за првите десет бурни години од животот на ексцентричниот ирски писател и неговата животна сопатничка Нора Барнакл, ова дело претставува еден краток исечок од 350-годишната романса меѓу двајцата страсни љубовници, нивното бегство од Даблин во Трст, нивните две деца и почетните потенцијали кои писателот треба понатаму да ги развие. Како и во случајот со Нил Џордан, кој долго време посакуваше да ја сними приказната за ирскиот херој Мајкл Колинс, така и режисерот Пет Марфи, по долго чекање, успеа да ја екранизира книгата којашто, според него, му ги отворила очите во врска со животот на неговиот омилен литерарен херој.

Читај повеќе

Белите луѓе не знаат да скокаат

Црниот филм: Blaxploitation cinematography

Во почетокот, црниот независен филм зазел опозициски став кон ексклузивниот Холивуд, но во 90-те Афроамериканците увидоа дека таквата позиција е лузерска и успеаја да снимат десетици наслови со кои го воспоставија црниот мејнстрим во филмската индустрија. Во следниот текст збор-два за историјата на „црниот филм“ и неговата актуелна позиција

Читај повеќе

50 години на CAHIERS DU CINEMA: Белешки за киното

Во „Урбан магазин“ бр. 5, преку текстот „Сенката на Носферату“ за вампирскиот феномен на Мурнау, индиректно се потсетивме на едно од најзначајните кинематографски движења во 20 век – германскиот експресионизам. Овој пат, исто така на индиректен начин, го чепнуваме историскиот француски Нов бран (Nouvelle vague) од 50-те, движење иницирано и поддржувано од филмскиот магазин Cahiers du cinema

Читај повеќе