Во период од годината кога дури и во земја како нашата сонцето е само посакувана невидлива ѕвезда таму некаде, далеку во нашата галаксија, не е на одмет со мислите малку да се преселиме на некоја плажа, но плажа на која освен звукот на морските бранови и неоставрените желби проектирани во далечината на хоризонтот, ќе уживаме и во уметноста која еден посветен човек ни ја „подарува“ од срце.
Читај повеќеТаг архива: велс
Кон „Манк“ на Дејвид Финчер
На неодамнешната церемонија каде беа соопштени номинациите за годинашниот Оскар, филмот „Манк“ на Дејвид Финчер фигурира во дури десет категории, вклучувајќи ги и оние најважните – за најдобар филм, режисер , актер, кинематографер, музика… На тој начин Финчер по трет пат доаѓа во можност да ја „лапне“ ценетата статуетка, по номинациите во 2009 и 2011 година за филмовите „The Social network“ и „The Curious case of Benjamin Button“.
Читај повеќеКон класикот „Кум“ на Френсис Форд Копола
На неодамна завршениот Трибека филм фестивал во Њујорк, после четириесет и пет години, на сцената заедно седнаа творците на легендарниот „Кум“ (The Godfather): режисерот Френсис Форд Копола и актерите Роберт де Ниро, Ал Пачино, Роберт Дивал, Дајан Китон и Џејмс Кан. Освен носталгичното потсетување на 70-те и 80-те, времето кога се оформи култната трилогија, пред преполната сала се зборуваше и за (не)можноста да се сними и четврто продолжение.
Кон класикот „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс
Секогаш кога по повод некој јубилеј се прават избори на најдобри филмови во историјата на кинематографијата, во кои учествуваат битни филмаџии со своите мислења, „Граѓанинот Кејн” на Орсон Велс во многу случаи е на самиот врв, или пак во групата „Топ 5 филмови на сите времиња“. Првенецот на Велс скрши многу правила во филмскиот јазик, но измисли и неколку нови, кои подоцна сесрдно ги прифатија и ги употребуваа во своите филмови останатите филмаџии од неговата генерација.