Таг архива: драми

Книжевни разговори со Ивана Сајко

Каков театар сакаме? Класичен или модерен? Ивана Сајко е авторка која се афирмираше со драмски текстови поставени на театарските сцени насекаде низ Европа. Таа го преферира експериментот на сцената, онаму каде што актерот најпрво се чувствува себеси како личност, а дури потоа почнува да го гради ликот кој треба да го соголи пред публиката.

Читај повеќе

„Животот на Прача Рузвелт/Невиност“ од Деа Лоер

Денес од печат излезе нова книга од ИЛИ-ИЛИ. По прекрасниот дебитантски роман „Бугати се појавува“ од Деа Лоер, чиј превод од германски се појави во 2014 година, овој пат преведувачката Ксенија Чочкова на македонски јазик ни ги „подарува“ нејзините наградувани драми насловени „Животот на Прача Рузвелт“ и „Невиност“. Се надеваме дека текстовите ќе ги испровоцираат домашните театарџии и дека еден ден можеби ќе ги видиме поставени на нашите сцени, бидејќи драмите на германската писателка се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот.

Читај повеќе