Таг архива: огледало

Огледало, расказ

Летото 1962 година започна со големи горештини. Од топлината сѐ се спепелуваше, добиваше сива боја, овде онде прошарана со бојата на исушено тревје. Па сепак, вели Мартин, – за мене и мојата жена почна едно убаво време. Вака-така, по неколку години, во заедница со некои пријатели, изградивме куќички во подножјето на Гази-баба, така ги заменивме изнајмените влажни собички со удобни живеалишта. По толку години откако се зедовме со жената, уште не ни беа дошле децата и денес се чини смешно дека сме биле толку несреќни талкајќи по старите скопски маала, во барање на некоја поудобна собичка, која, барем, не би била во сутерен и би имала нешто малку сонце. Колку и да ни е паметењето злопамтило, сепак се заборава на тие тешкотии, како што се заборава и на многу неубави нешта од младоста.

Читај повеќе