Таг архива: колбе

Над вашите градови трева ќе расте, Анселм Кифер

Доколку сте љубители на современата уметност, тогаш сигурно сте се соочиле со делото на Анселм Кифер. Германскиот сликар и скулптор фигурира високо на листата на највозбудливи современи уметници во последниве неколку декади. Пред две години неговиот сонародник, режисерот Вим Вендерс, му направи прекрасна посвета со документарниот филм едноставно насловен „Анселм“, со поднаслов „Шумолењето на времето“. Меѓутоа, тоа не е прва филмска посвета на работата на германскиот виртуоз. Во 2010 година режисерката Софи Фајнс го посети неговото ателје во јужна Франција и го реализираше феноменалниот „Над вашите градови трева ќе расте“, кој одамна е дел од домашната ДВД колекција. Во меѓувреме, почитуваната Кица Колбе во својот најнов роман „Простување“, кој најтопло го препорачувам, значењето на неговата уметност мајсторски го испреплетува со дејствието на приказната во книгата, што претставуваше уште една силна провокација на која не можев да и’ одолеам. Така сите патишта не водеа кон Рим, туку кон овој текст, во кој низ филмскa визура, носител на главната улога е неверојатниот Анселм Кифер.  

Читај повеќе

„Простување“ од Кица Колбе

Деновиве од печат излезе новиот роман „Простување“ од нашата еминентна писателка Кица Колбе. По романите „Земја на бегалци“, кој доживеа и второ издание, потоа, „Витезот и Византијката“, како и дополнетото реиздание на „Жените Гаврилови“, Колбе со нов ракопис за своите верни читатели.

Читај повеќе

„Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе, како 196 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Со издавањето на ова преработено и проширено издание на романот оригинално издаден во 2008 година, успешно продолжува соработката на издавачката куќа и авторката, чии два претходни романи „Земја на бегалци“ и „Витезот и Византијката“ предизвикаа одличен интерес кај читателите.

Читај повеќе

„Витезот и Византијката“ од Кица Колбе

Приказнава се одигрува првпат на моите страници. Лич­ностите и настаните подлежат само на моите закони. Имињата на местата, градовите и земјите се реални. Секоја друга сличност со реалноста е плод на непредвид­ливоста на мојата творечка фантазија. Романот

На овој начин започнува новиот роман од Кица Колбе распослан на 340 страници, како 189 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По „Земја на бегалци“ од 2018 година, Кица Колбе ни подарува нов роман во кој приказната е сместена во современието и се случува во Бон, Рим и едно гратче близу Фиренца. Главните протагонисти се докторанти по филозофија и историја на уметност на Универзитет во Бон.

Читај повеќе

Кон романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе (ИЛИ-ИЛИ, 2018)

Еминентната писателка Кица Колбе, добитничката на престижната награда „Роман на годината“ во 2006 за „Снегот во Казабланка“, деновиве ни подари нов, возбудлив роман, насловен „Земја на бегалци“. Како и во претходните книги, и во нејзиното ново романескно остварување таа нурнува длабоко во сопственото срце и ни ја раскажува егејската приказна на супериорен естетски начин, емотивно погодувајќи онаму кадешто многумина не се осмелуваат ниту да пристапат.

Пред себе си поставив тешка задача, да сублимирам цел еден свет сместен во 490 страници во само десетина пасуси, особено тешка затоа што книгата емоционално ме допре враќајќи ме и во моето детство, а верувам и во детството на многумина кои ќе ја прочитаат книгата, а кога се работи за емоции, не е лесно да се пишува од објективна гледна точка. Но, еве, да се обидам.

Читај повеќе