Таг архива: поповски

Скопје на поштенски марки

По повод 75-годишнината од ослободувањето на Скопје, Македонски пошти, како што вообичаено се прави по повод вакви значајни јубилеи, ја промовираше новата поштенска марка. На неа е претставен споменикот „Ослободители на Скопје“ од 1955 година на вајарот Иван Мирковиќ, кој, интересно, е направен од бронзата на спомениците кои гордо стоеле покрај Камениот мост за време на СХС, а кои, откако биле симнати, долго време стоеле во магацин во Даут пашиниот амам, за на крај да ја најдат својата соодветна примена во новата скулптура која и ден-денес е поставена во дворот на владината зграда (голема благодарност за овие информации до писателот Благоја Иванов).

Во ИЛИ-ИЛИ од минатата година ја имаме книгата „Скопје на поштенски марки“ на авторите Климе Поповски и Виктор Габер. Со поднаслов „Историја и мотиви“, страсните филателисти на едно место ни го претставуваат главниот град низ поштенски марки, чија презентација е проследена со соодветни текстови, како мал историјат на Скопје низ децениите наназад, и еден поинаков увид во културно-историските збиднувања на овие простори во текот на 20 век. Двојазичната книга (македонски и англиски) минатата година ја доби наградата „Голем позлатен медал 2018“ на филателистичката изложба во Верона, Италија, како доказ за нејзината вредност и значење.

Читај повеќе

Разговор со Александар Поповски и Роберт Насков, „БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ“

Етапно беше следењето и на снимањето и промоцијата на филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, кое траеше две ипол години. Впрочем, како и приказната за самиот филм. Имено, по разните перипетии на релација Министерство за култура – продукција „Трето око“, сега веќе многу-многу одамна присуствувавме на една ад хок прес-конференција во Друштвото на новинари кај Соборна црква, за да слушнеме дека работата е изгладена и дека „Балканот не е мртов“ ќе се снима со поддршка на Филмскиот фонд. Пар години подоцна сценографијата на Саем е наместена, балдахините се лелеат, анамите се привлечни, а Никола Ристановски полека но сигурно влегува in the mood. Ја посетивме екипата точно на 24 мај 2011 година и во паузите земавме изјави од Александар Поповски, Роберт Насков, Никола Ристановски, Јордан Симонов, Драгана Костадиновска, Фолтин… и сето тоа во „Филмополис“ број 351. Бидејќи слични соговорници имавме и на премиерата на филмот, во интерес на нездодевноста на текстот, во првиот дел презентираме само две воведни изјави на режисерот Поповски, за доловување на атмосферата.

Читај повеќе

„Балканот не е мртов“ во „Филмополис“ 458

Конечно, кино премиера на „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски. Разговор со продуцентот, актерите…

Читај повеќе

„Балканот не е мртов“ + Астер фест во „Филмополис“ 351

Присуствувавме на снимањето на филмот на Александар Поповски на Скопскиот саем, и пост фестум разговараме со Горан Тренчовски за новото издание на струмичкиот фестивал.

Читај повеќе