Во 166 издание на магазинот, разговараме со Доријан и Александар по повод концертот на „Стринг форсис“. Во меѓувреме, еден куп квалитетна музика од домашната и светската музичка сцена.

Во 166 издание на магазинот, разговараме со Доријан и Александар по повод концертот на „Стринг форсис“. Во меѓувреме, еден куп квалитетна музика од домашната и светската музичка сцена.
Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз новиот албум на Соник јут, Rather ripped. Вовед со култните Velvet underground. А кој друг, кога се работи за Њујорк!?
Во 164 издание на магазинот, разговор со гостите Неле К. (E Go East records) и Марсо за случувањата на независната македонска музичка сцена.
Во новото издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус на новиот албум со протестни песни на Нил Јанг, Living with war. За загревање, бендот Wilco.
Во меѓупросторот на Радио Равел, голем вовед со музика од Рејдиохед, по повод првиот соло албум на Том Јорк, The Eraser, кој во целост го слушаме во вториот дел од магазинот.
За испраќање на летото чии денови се трошат, опуштено издание на магазинот во кој доминираат преработки на познати музички теми.
На почетокот од четвртата сезона на меѓупросторот на Радио Равел, емисија исполнета со Босанова кавер-саунд, се’ уште летно и опуштено.
Имињата кои од 06 до 09 јули ќе настапат на Петроварадинската тврдина во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.