Со големо задоволство го најавувам денешното излегување од печат на романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ, како 224 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По првото издание на Магор во 2018 година, сметавме дека овој прекрасен роман мора повторно да биде достапен за читателите. Така, по актуелната збирка раскази „Вонземјанки“ која ја објавивме и промовиравме пролетва, имаме уште едно значајно дело на реномираниот македонски писател во популарната едиција „ПРОаЗА“.
Читај повеќеТаг архива: урошевиќ
Кон збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ
Деновиве од печат излезе новото дело од работилницата на книжевниот мајстор Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“, која пред читателите беше претставена на 18 април во киното „Фросина“ во МКЦ, со Гоце Смилевски како промотор. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што професорот на прекрасен начин го заокружува креативниот период во кој ја доби наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за книгата „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ (Арс либрис, 2022), а во меѓувреме Струшките вечери на поезијата објавија дека годинашен лауреат и добитник на „Златниот венец“ на манифестацијата е токму тој. Дефинитивно, ова е година на Влада Урошевиќ!!!
Читај повеќе„Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ
Денес од печат излезе новата збирка раскази од Влада Урошевиќ насловена „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Воедно, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во МКЦ истата ќе биде претставена пред читателската публика. Промотор ќе биде Гоце Смилевски.
Читај повеќеКон романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ (Арс либрис, 2022)
Конечно, прозниот мајстор кој со децении наназад ja облагородува македонската книжевна сцена со прекрасни приказни, заслужено се вброи меѓу добитниците на наградата „Роман на годината“ за своето дело со генијално долго-осмислен наслов. Можеби тоа го заслужи уште со прекрасниот „Маџун“, мојот дефинитивен фаворит од неговата густа творечка библиографија, но Влада Урошевиќ и понатаму не престанува да изненадува со нови дела од својата книжевна лабораторија, па еве, во подготовка е новата збирка раскази „Вонземјанки“ со поднаслов „Раскази од Латинскиот кварт“, која во издание на ИЛИ-ИЛИ ќе излезе оваа пролет, на радост на бројните читатели и обожаватели.
Читај повеќе„Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ
Деновиве од печат излезе книгата „Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ (1936-2020), како 198 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Романот е најден во оставината на писателката, завршен и подготвен за печат. Пишуван е од почетокот на 2017 до почетокот на 2020 година.
Читај повеќеКон романот „Под усвитеност“ од Димитар Солев
Поминаа шеесет и три години од излегувањето на еден од првите урбани романи во македонската книжевност, „Под усвитеност“ од Димитар Солев, кој авторот го напишал кога имал дваесет и седум години. Солев и’ припаѓа на средната генерација повоени македонски писатели кои со своите први дела ги поставиле темелите на новата, современа македонска литература во втората половина од дваесеттиот век. „Под усвитеност“ е негов прв роман, но втора издадена книга, по збирката раскази „Окопнети снегови“ од 1956 година. И во обете книги „тематската преокупација се случувањата за време на Втората светска војна во Скопје под окупаторската чизма, и судбината на младоста во него што изминува под сенката на тие четири години од царството на смртоносната стихија“, пишува Александар Спасов во поговорот кон прозните дела на Солев, по кои набргу следат и новата збирка раскази „По реката и спроти неа“ (1960) и вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ (1964), во кои од сеќавањата на воените години авторот преминува во книжевно третирање на современоста.