Пријатно бев изненаден кога пред некој ден холивудската академија за филм ги објави насловите кои влегоа во потесниот, претпоследен круг за документарен филм во трка за Оскарите, бидејќи меѓу нив се најде и последното остварување на Тод Хајнс посветено на моите музички херои Велвет андерграунд. Но, откако го изгледав филмот и кога подобро размислив, нема сомнение дека се’ што сними досега Тод Хајнс, а е поврзани со музиката, претставува вистинско ремек дело. Се сеќаваме на филмот „Velvet goldmine“ од 1998 година, во кој ни ги претставува многуте трансформации на камелеонот Дејвид Боуви, како и на „I’m not there“ девет години подоцна, во кој тоа го прави со Боб Дилан, игран од седум различни актер(к)и. Сепак, овој пат Хајнс го зема доку-жанрот за да ни ја раскаже приказната за, според многумина, најзначајниот бенд во современата музичка историја. Меѓу нив сум и јас, и безобразно ќе ја искористам оваа можност низ текстот да си ја претставам мојата колекција на плочи од њујоршките легенди 😉
Читај повеќеТаг архива: документарен
Nature vs Civilisation
in 16. International documentary film festival „ZagrebDox“ by Igor Angjelkov
After last year’s debut in September as a member of the FIPRESCI jury at the Drama International Short Film Festival, Greece, the second selection soon arrived, this time at the prestigious ZagrebDox International Documentary Film Festival, scheduled for March 15-22. However, we know what happened in the middle of that month, which at this moment seems so far away from us. The diligent organizers wisely awaited the fall and moved the so-called “special edition” of the festival from October 4 to 11. To the email, whether I remain a member of the jury or not, I certainly answered affirmatively, although the desire to explore Zagreb during the seven days of the festival, apart from watching good movies, will remain for the future.
Читај повеќеНаградените документарни филмови на 16. „ЗагребДокс“
Синоќа во Загреб беа доделени наградите на неколкуте интернационални жирија на 16-то издание на годинашниот специјален „ЗагребДокс“. Како член на ФИПРЕСЦИ, со колешките Маријана Јаковљевиќ од Хрватска и Зане Балчус од Летонија придонесовме една од наградите да отиде во вистински раце. Нашето жири беше задолжено да додели награда на еден од документарните филмови во регионалната конкуренција, и по 40-минутна онлајн дискусија одлучивме тоа да биде романскиот филм „Нашиот дом во дивината“ (Acasa, my home) на режисерот Раду Чорничук (Radu Ciorniciuc). Сметам дека донесовме правилна одлука, бидејќи квалитетот на филмот беше препознаен и од две други жирија, па Чорничук, кој филмот го снимал четири долги години, за своето доку остварување, сосема заслужено, доби дури три фестивалски награди на „ЗагребДокс“.
16. Меѓународен фестивал на документарен филм „ЗагребДокс“
По минатогодишното деби во септември како член на ФИПРЕСЦИ жирито на Интернационалниот фестивал на кратки филмови во Драма, Грција, набргу стигна и втората селекција, овој пат како член на жирито на угледниот Меѓународниот фестивал на документарен филм „ЗагребДокс“, кој беше закажан од 15 до 22 март. Меѓутоа, знаеме што се случи токму на средината на месец март, кој во овој момент се чини толку далеку од нас. Вредните организатори мудро ја чекаа есента и го поместија одржувањето на фестивалот од 04 до 11 октомври. На мејлот дали останувам член на жирито секако дека одговорив позитивно, иако желбата да го истражам Загреб во несудените седум фестивалски денови, освен што ќе гледав добри филмови, ќе остане за во иднина. Како и да е, 16. издание на „ЗагребДокс“ ќе се одржи на две локации со редуцирана публика, и веројатно со малку гости, кои претежно ќе се обраќаат од онлајн платформите. Впрочем, како и ФИПРЕСЦИ жирито, во кое заедно со колешките Мирјана Јаковљевиќ од Хрватска и Зане Балчус од Летонија ќе одлучиме кој од 14-те документарни филмови од регионалната конкуренција ја заслужува наградата на најстарото здружение на филмски критичари во светот.
„Мама Европа“ на Петра Селишкар и Бранд Феро
Уште од почетоците на Македокс, желбата на двоецот Петра Селишкар и Бранд Феро беше еден нивни авторски филм да биде дел од фестивалската програма. Желбата конечно им се исполни, и во петокот вечер 4-то издание на Македокс го затвори „Мама Европа“, нивниот нов доку проект. По „Бабички на револуцијата“, не’ интересираше каква е врската меѓу претходниот и актуелниот филм, a Селишкар изјави дека е точно оти има некаква суптилна врска меѓу претходниот и актуелниот филм, пред се’ во духот на она што го раскажуваат, исатовремено нагласувајќи дека и обата проекти се важни бидејќи во нив соработувале документаристи од Словенија и од Македонија. Читај повеќе
Луцидно патешествие во источна Турција
„На пат кон училиште“ на Озгур Доган и Орхан Ескиној
Првото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје повторно го врати во фокусот малку подзаборавениот жанр во нашата кинематографија, толку успешен во минатото. Навистина беше прекрасно да се биде дел од непретенциозната атмосфера во преубавиот Куршумли ан, под отворено небо, што од друга страна, го отвора прашањето за отворање на вистинско и наменско летно кино во метрополата. Но за таа тема во друга прилика, бидејќи во следните редови ќе се обидам да ги пренесам чувствата кои ги предизвика победникот на фестивалот, турскиот документарен филм „На пат кон дома“, кој ја доби наградата „Млад кромид“ за најдобар деби филм од тричленото жири, во кое покрај мојата маленкост тука беа и колегите од Србија и Хрватска. Конкуренцијата беше навистина жестока и изборот ни беше тежок, но по креативната дискусија и аргументие ставени на маса, ова остварување на крајот не’ освои со своето големо срце.
Читај повеќе„Девојчето што бере тутун“ на Билјана Гарванлиева
Вториот документарен филм на македонската режисерка Билјана Гарванлиева „Девојчето што бере тутун“, посветен на животот на јуруците во Македонија, be{e del od компетитивната селекција на најзначајниот италијански Интернационален фестивал за краток филм Circuito Off, кој се одржуваше во Венеција заклучно до саботата, 4 септември. Филмот на Гарванлиева веќе беше прикажан во Италија на 59. Интернационален филмски фестивал во Тренто, така што неговото учество во Венеција го носи овој филм по втор пат на Апенинскиот полуостров. Читај повеќе
Кон „Без правец кон домот: Боб Дилан“ на Мартин Скорсезе
Со години наназад љубопитните „злобници“, но и вистинските фанови на Боб Дилан се прашуваат: Кој е тој? Копија на Вуди Гатри? Нарцисоиден фолк трубадур? Легендарен рокенрол бунтовник? Предавник? Генијалец? И сите ќе го пласираат своето мислење, а всушност, вистината ја знае само еден човек, кој мудро ја чува за себе веќе 40-тина години.
Читај повеќе