Кога човек сака да се потсети на некои убави времиња, вообичаено реченицата ја започнува со „како да беше вчера…“ Тоа, секако, најчесто е поради „жал за младоста“, и некои чувства и состојби низ кои сте поминале, а подоцна речиси никогаш, или сосема ретко, повторно сте ги доживеале. И навистина, кога поминаа три децении од премиерата на нaјвозбудливиот филм на сите времиња, после кој времето во филмската историја се смета пред и по прикажувањето на „Pulp fiction“. Ова ремек-дело на откачениот Квентин Тарантино ја преврте поп културата на глава, и по три децении се’ уште е вредно за почит, затоа што претставува вистинска филмска лектира, вистински учебник како треба да изгледа еден возбудлив модерен филм кој им се допаѓа на сите генерации, без исклучоци.
Таг архива: кан
Кон „Стариот даб“ на Кен Лоуч
Луѓето заминуваат од домот поради разни причини: економски, социјални, политички, еколошки… поради подобра животна средина, подобри услови за работа, подобра иднина за поколението… но, за жал, и поради војна. Воените мигранти одамна станаа наша реалност, и нивната интеграција во новите контексти е еден од најголемите предизвици на современието во кое живееме. Токму со оваа горлива тема во својот најнов филм се зафатил и генијалниот режисер Кен Лоуч, кој во соработка со сценаристот Пол Лаверти, во последниве неколку децении ни ги „подарија“ најдобрите социјални драми на големиот екран. Многумина велат дека ова му е последен филм на британскиот ветеран, но знаејќи ја неговаа упорност и возбуда секогаш да се фаќа во костец со проблемите на современиот човек, ништо чудно да видиме уште некое негово остварување во годиниве што следат, само ако го послужи здравјето.
Читај повеќеКон „Совршени денови“ на Вим Вендерс
Германскиот режисер во последниве две декади си игра падни-стани со својата кариера, но тоа е разбирливо поради возраста и различните интереси и ангажмани од кои беше дел во новиот милениум. Тој брилјираше со двата документарни филма: „Пина“ (2011) посветен на славната сонародничка, кореографката Пина Бауш, како и со „Солта на Земјата“, приказна за фотографот Себастајо Салгадо кој четириесет години го архивирал животот во скриените катчиња на земјината топка. И кога нештата веќе беа јасни, мислејќи дека тоа е жанрот преку кој германскиот мајстор ќе се изразува до крајот на кариерата, бидејќи, и покрај неколкуте обиди, не сними добар игран филм уште од „Пукање во Палермо“ (2008), еве го стариот добар Вендерс, онаков каков што го знаеме уште од времето кога Миро (Мирослав Поповиќ) во симпатичното кино во Музејот на современа уметност во Скопје, на средината од 90-те години на минатиот век, организираше ревија на неговите генијални остварувања од 70-те и 80-те години, и кога Вендерс на скопските љубители на седмата уметност им влезе под кожата.
Читај повеќеКон „Индијана Џонс и артефактот на судбината“
Оваа постпандемиска 2023 година започна со премиерата на првиот од неколкуте продолженија на „Аватар“ на Џејмс Камерон, со што влезе во фолдерот „филмски серијали“ какви што филмската индустрија милува да негува со децении наназад. Трендот продолжува и летово со премирата на новото, петто продолжение на авантурите на омилениот археолог и авантурист на големото платно, Индијана Џонс, чија светска премиера се случи на годинашното издание на престижниот филмски фестивал во Кан. Организаторите ја искористија шансата и на 80-годишниот ветеран му ја доделија „Почесната Златна Палма“ за животно дело.
Читај повеќеКон „САМО Е КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ на Ксавиер Долан
Последниот филм на контроверзниот Ксавиер Долан, „Само е крајот на светот“ (Juste la fin du monde), минатата година во Кан доби „Гран при“ од жирито, односно втората награда по вредност на престижниот фестивал. Филмот можеби дистрибутерски малку доцни во овие краишта, но филм зад кој стои Долан со сиот багаж зад себе преку филмовите „J’ai tué ma mère“ (2004), „Les amours imaginaires“ (2011), „Tom à la ferm“ (2013)… секако мора да се погледне. На крајот испаѓа дека наградата што му ја доделило жирито на чело со претседателот Џорџ Милер (Лудиот Макс) е повеќе од компромис, ако знаеме дека победи извонредниот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч, веројатно за да има некаков баланс со Британците во тој вечен антагонизам помеѓу La France и Островот. Читај повеќе
Кон британскиот филм „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч
Од нигде никаде, добивам мејл дека мојот работен стаж брои толку и толку години, месеци и денови. Уф, си мислам, државнава администрација конечно почнала да работи нешто за што сите граѓани ја плаќаме. Сепак, нешто не ми штима. Забележувам дека фалат година и некој месец стаж. Одвојувам време и влегувам во бирократскиот државен лавиринт. И бидејќи е нивна, а не моја грешка, еден ден не е доволен. Едноставно, велат, при преселбата во новата зграда којзнае каде им се архивираните документи, и сето ова го кажуваат со насмевка на лицето. Океј, навикнат сум уште од студентски денови да висам на шалтер. На Правниот факултет имаше една службеничка пред пензија кај која ти беше страв да се обратиш, а камоли да средиш нешто. Дури на крајот, кога дипломирав, ја начекав во добро расположение и релативно брзо и без нервози ми ги среди документите. Но, да се вратиме назад. Од шалтер на шалтер, приказната ме врати кај книговодителот, па повторно назад во зградата на институцијата. Доколку не беше љубезна една од службеничките и реши случајот да го истераме до крај, кафкијанскиот процес ќе си потраеше. Колку, не знам. Но нејсе. Мојот случај е ситен во однос на приказните за кои слушам од пријатели и за кои одвреме-навреме читам во весниците. Има граѓани, наши сограѓани, чиј работен стаж е преполовен, некому фалат три, некому пет, некому десет, некому дваесет години. А фирмите затворени. Кому да се пожалат, каде да се обратат? А требало да си уживаат во заслужената пензија. И не е само оваа приказна со работниот стаж. Што да кажеме за лихварските банки кај кои пола луѓе во државата се задолжени и се на работ на егзистенција? А извршителите, работат ли работат. За проклети 190 денари за националната телевизија која константно сервира партиски вести се блокираат трансакциските сметки. Што да кажеме за катастарот? По повторното мерење, 20%-30% од земјиштето со сопственост преминува во рацете на Република Македонија. И оди докажи го тоа. Со години ќе играат пинг-понг со тебе. А ти си само чесен граѓанин кој плаќа данок и сака да има пристоен живот. И ништо повеќе.
Кан + Манаки + Митриќески во „Филмополис“ 440
Случувањата на филмските фестивали во Кан и Битола + прес конференција по повод новиот филм на Антонио Митриќески „Деца на сонцето“.
Читај повеќеБегство од данокот
Граќаните на Њујорк сведочат дека присуството на Стоунси го закочило сообраќајот во Големото јаболко, па морале да бараат алтернативни начини на транспрот за да ги завршат своите зацртани обврски. Мик Џегер, Кит Ричардс и Чарли Вотс беа дел од премиерата на документарецот „Стоунси во прогонство“, која, интересно, се случи во славниот МоМА, Музеј на модерната уметност во Њујорк.
Читај повеќеДрама за религиозната себе-потрага
Кон „Хадевич“ на Бруно Димон
Едно од највпечатливите остварувања на 13 издание на Скопје филм фестивал беше „Хадевич“, новиот филм на култниот француски филмаџија Бруно Димон. Предводникот на Новиот бран во француската кинематографија заедно со контроверзниот Гаспар Ное, неретко наградуван на светските фестивали, особено во Кан, 52-годишниот Димон и со своето актуелно чедо не’ води на патување во кое ние, како негови неми сведоци, се обидуваме да го сфатиме функционирањето на светот околу нас, иако истиот очигледно одамна го загубил својот компас.
Читај повеќеПадот на нацизмот ја спаси филмската уметност
Секој нов филм на Квентин Тарантино претставува вистински празник за филмофилите низ светот. На секој негов нареден проект се чека по неколку години, но така тензијата повеќе расте, за на крајот да добиеме уште едно незаборавно патување врежано на целулоидната лента за век и веков.
Читај повеќе