Меѓупросторот на Радио Равел во нов термин, среда во 22 часот. Репризите ќе одат сега веќе во стариот термин, сабота од 20 часот. Во фокусот, првиот соло албум на Били Корган од Смешинг пампкинс.

Меѓупросторот на Радио Равел во нов термин, среда во 22 часот. Репризите ќе одат сега веќе во стариот термин, сабота од 20 часот. Во фокусот, првиот соло албум на Били Корган од Смешинг пампкинс.
Фокус на новиот албум „X&Y“ на почетокот од третата сезона на меѓупросторот на Радио Равел.
Не сакаа да станат меинстрим херои, но сакале-нејќеле, тоа им се случи. Јас ги сакам уште од Parachutes и Rush of blood to the heads. Вечерва со новиот албум XY.
Беа Џој дивижн, продолжија како Њу ордер, и повеќе ништо не беше исто. Манчестерските херои имаат нов албум, вечерва го преслушуваме во целост.
Соник јут, Бен Харпер, Том Вејтс и еден куп супер музики во овој колажен меѓупростор на Равел. Начулете уши и уживајте 😉
Во пресрет на концертот на деценијата во нашиот град, емисија посветена на моите музички херои Меркјури рев. Не можам да ја опишам радоста!!!
По повод настанот „Скопје звучи добро“, вечерва ги слушаме Faithless, Express 2, и секако, фаворитите Тивери. Енџој 😉
Француската босанова кавер атракција „Нувел ваг“, крстена според „Новиот бран“ во француската кинематографија на Годар, Шаброл, Мал и останатите махери, во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Опуштено и фино поминато време крај радио приемникот 😉
Како што кажува и самиот наслов, една медли емисија со домашни и странцки музички убавини. Ставајте слушалките и уживајте 😉
Современите њујоршки блуз херои во вечерашниот блуууууз Мезанин. Бидете подготвени за добро шоу!