Таг архива: награди

Голем успех на македонската кинематографија во Сараево

На 32 издание на најзначајниот филмски фестивал во регионот, дебитантското остварување „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири награди: “Срцето на Сараево” за најдобра актерка – Ева Костиќ, Специјална награда за промовирање на родовата еднаквост, Cineuropa Prize и наградата од публиката. Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, пак, ја освои Special Youth Perspectives Award.

Girls power! 🙂

Читај повеќе

Двојните кански лауреати

Синоќа на затворањето на 79-тото издание на филмскиот фестивал во Кан беа доделени наградите за најдобрите. Колегите од „ФИПРЕСЦИ“ наградата му ја доделија на филмот „Фјорд“ на романскиот режисер Кристијан Мунџиу, кој ја доби и главната фестивалска награда, „Златната палма“. Со тоа претставникот на „новиот романски бран“ во европската кинематографија влезе во групата на двојни лауреати на „палмата“, станувајќи вкупно деветтиот нејзин добитник. Знаете ли кои се другите осум величествени? За нив, во продолжение на текстот.

Читај повеќе

Наградените филмови на „КинеНова#10“

На 2 октомври се случи свеченото доделување на наградите „Златна грива“ во рамките на десеттото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „КинеНова“. Жирито во состав Срдан Голубовиќ, српски режисер и претседател, и членовите Владимир Самоиловски, македонски кинематографер и Хамед Солејманзадех, ирански филмски критичар, откако изразија задоволство од селекцијата на кратките и долгометражните остварувања во официјалните селекции за наградите, ги донесоа следниве одлуки:

Читај повеќе

Наградените филмови на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“

Од 7 до 12 август во Дојран по четврти пат се одржа Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“. Со колегите Христос Пасалис (актер и режисер од Грција) и Теодосија Добријанова (бугарска режисерка и продуцентка) ја имав честа да бидам дел од меѓународното жири кое одлучуваше за фестивалските награди. Официјалната селекција содржеше пет филмови кои доаѓаат од земји кои се дел од медитеранскиот басен, додека селекцијата на краткометражни остварувања содржеше петнаесет наслови.

Читај повеќе

ФИПРЕСКИ награди во Кан 2025

На годинашното 78. издание на филмскиот фестивал во Кан, престижната „Златна палма“ ја освои филмот „Едноставна несреќа“ на режисерот Џафар Панахи. Ова воопшто не е изненадување бидејќи секогаш кога феноменалната иранска кинемтографија има нешто да понуди, тоа вообичаено на крајот станува лауреат. Меѓутоа, во овој текст се осврнуваме на одлуките на колегите од ФИПРЕСКИ, кои речиси секогаш се разликуваат од оние на официјалното жири, откривајќи нови таленти и нови пристапи во филмската уметност. Во продолжение ги претставуваме трите ФИПРЕСКИ лауреати на годинашниот Кан.

Читај повеќе

Наградените филмови на “КинеНова#9“

Вечерва во Домот на културата „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода, со проекција на новото остварување „На се’ ќе дојде крај“ на легендарниот хрватски режисер Рајко Грлиќ, беше затворено предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“. Пред тоа, интернационалното жири во состав Асимина Проедру (грчка режисерка), Дорина Оарга (романска продуцентка) и Јани Бојаџи (претседател) ги донесоа следниве одлуки, доделувајќи ги фестивалските награди „Златна грива“:

Читај повеќе

„KIX“ награден со „ФИПРЕСЦИ“ на „ЗагребДокс“

Со доделувањето на наградите, синоќа беше затворено одличното, јубилејно 20-то издание на “ЗагребДокс”.

Со колегите Милена Зајовиќ од Хрватска и Хамед Солејманзадах од Иран одлучивме наградата на најстарото интернационално здружение на филмски критичари “Фипресци” да отиде во рацете на младите унгарски режисери Давид Микулан и Балинт Ревеш, за нивниот феноменален документарен филм “KIX”.

Читај повеќе

„Фипресци“ за канадскиот филм „Ехо до Делта“

Синоќа, на затворањето на 28 издание на Интернационалниот филмски фестивал за деца и млади „Шлингел“ беа доделени наградите за најдобрите. На фестивалот во Кемиц од 23 до 30 септември беше прикажан 171 филм, а за најдобрите одлучуваа десетина жирија во разни секции. Беше прекрасно да се присуствува на фестивалот полн со детска радост и младешка енергија, и затоа „Шлингел“ се смета за еден од најзначајните фестивали за младите во Европа.

Читај повеќе

Лауреати на КинеНова#7

Синоќа во кинотечниот кино храм членовите на интернационалното жири на седмото издание на „КинеНова“ ги соопштија добитниците на годинашните фестивалски награди.

Читај повеќе

Лауреати на КинеНова #6

Тешко е да организираш филмски фестивал за време на (пред)изборен циклус, кога сите ги интересира само политика. Но КинеНова #6 и оваа година реализираше одлично издание, на радост на љубителите на седмата уметност, чија програма во ноември продолжува и на ТВ. За мене како програмски селектор важна беше констатацијата од жирито на завршната вечер, дека сите осум селектирани филмови во трката за наградите биле одлични. Бугарскиот режисер Петар Валчанов, потоа, Зане Балчус, колешката од ФИПРЕСЦИ, и Владо Ангелов, директорот на Кинотека, нагласија и дека, на некој начин, (речиси) сите филмови се победници, бидејќи доделија дури 5 награди на различни филмски остварувања. Еве ги нивните одлуки и образложенија.

Читај повеќе