Архива за месец: март 2006

Gorillaz во „Мезанин“ 144

„Demon days“ е вториот албум на сајд-проектот „Горилаз“ на Дејмон Албарн од „Блур“, вечерва како повод да се потсетиме на прекрасниот брит-поп како музички израз.

Читај повеќе

Мугер Фугер: Пеколна гитарска енергија

Mooger Fooger е бенд каков што му требаше на Скопје, музички едуциран, тврдокорно автентичен и возбудлив до крајност. Со истоименото деби од минатата година, Сецко и пријателите успеаја да помрднат многу звучни граници на овие простори. Спонтаноста е нивниот главен адут, а живите настапи моментот кога адреналинот го креваат на највисоко ниво. По читањето на ова интервју, провокацијата за слушање на нивниот материјал ќе стане ваша вистинска потреба. Проверете зошто!

Читај повеќе

Дени те чува: Акустична и дисторзирана варијанта на една домашна урбана музичка приказна

Минатата, 2005 година, деби албумот „Меѓу четири ѕида“ на Дени те Чува беше едно од највозбудливите изданија на овие простори. Албумот е акустичен, што е прилично храбар потег, иако момците милуваат истиот бомбастично да го исвират на нивните живи свирки. Таков беше случајот со свирката на „Рок кафе 2“ во салата „Градски парк“, каде мелодичниот хард-кор квартет направи вистинско шоу: динамичен ритам, бројни фанови кои пеат од срце и на сиот глас, два светлечки факела за збогатување на декорот, и многу-многу енергија. Иако интервјуто го правиме без присуството на Јане (гитара) и Коста (бас), тука се Шон (вокал) и Кечо (тапани) за доловување на нивната приказна, визија, љубов и страст – кон МУЗИКАТА!

Читај повеќе

Кон „Хостел“ на Илај Рот

По мегаломанскиот дводелен проект „Убиј го Бил“, посветен на шпагети вестернот и филмовите со боречки вештини, Квентин Тарантино реши во неговиот следен проект повторно да соработува со Роберт Родригез, и тоа со свое режисерско деби во хорор жанрот. Во меѓувреме, за да ја подгрее атмосферата, холивудскиот брзозборец застана како извршен продуцент и главен промотор на нискобуџетниот хорор филм „Хостел“. Се работи за второ авторско остварување на сценаристот и режисер Илај Рот, по дебито „Треска во колибата“ од 2002 год.

Читај повеќе

Кон „Мандерлеј“ на Ларс фон Трир

Уште на почетокот, за да бидеме на чисто, да разјасниме еден несомнен факт: данскиот режисер Ларс фон Трир е „последното големо нешто“ што му се случува на европскиот филм. Како ко-автор на „Догме-95“ манифестот, заедно со сонародникот Томас Винтерберг, овој перманентен провокатор со филмски слики отвори ново поглавје во скандинавската кинематографија, овозможувајќи и’ на една цела нова генерација филмаџии, со помош на догме-начелата (снимање исклучиво на локации, со камера од рака, со природно светло и со натуралистички звук) да ги реализираат своите остварувања за кои одамна сонувале.

Читај повеќе

Кон „Оди по линијата“ на Џејмс Менголд

Додека Џони Кеш се’ уште беше жив, во Холивуд се појави сценарио за животот и кариерата на големиот кантри музичар. Но дури четири големи студија го одбија овој проект, без никакви цврсти аргументи. Откако Кеш почина во 2003-та, овој ракопис стана суво злато и беше само прашање на време кога ќе се реализира.

Читај повеќе