Таг архива: Дефо

Симпатија за ѓаволот или нова Догме реалност!?

Свежи се сеќавањата од последното издание на филмскиот фестивал во Кан, кога на најпосетената конференција за новинарите по повод светската премиера на филмот „Антихрист“, се случи непријатност копга неколку новинари вербално го нападнаа режисерот Ларс фон Трир, при што паднаа и тешки зборови на кои Данецот остана мошне „ладен“. Филмските познавачи бараа од него јавно да каже што сакал да постигне со овој „одвратен филм“, на што тој одговори дека само „режира малку поинакви приказни од останатите, и тоа е тоа“.

Читај повеќе

Кон „Мандерлеј“ на Ларс фон Трир

Уште на почетокот, за да бидеме на чисто, да разјасниме еден несомнен факт: данскиот режисер Ларс фон Трир е „последното големо нешто“ што му се случува на европскиот филм. Како ко-автор на „Догме-95“ манифестот, заедно со сонародникот Томас Винтерберг, овој перманентен провокатор со филмски слики отвори ново поглавје во скандинавската кинематографија, овозможувајќи и’ на една цела нова генерација филмаџии, со помош на догме-начелата (снимање исклучиво на локации, со камера од рака, со природно светло и со натуралистички звук) да ги реализираат своите остварувања за кои одамна сонувале.

Читај повеќе

Сенката на Носферату

Филмот „Сенката на вампирот“ на режисерот Елијас Мериж за снимањето на класикот „Носферату“ на Фридрих Вилхелм Мурнау пред точно 80 години, ја разбуди мојата желба за подлабоко истражување и нурнување во мистиката околу оваа култна вампирска приказна, која по турбулентните случувања околу нашите глави во последниве месеци, повторно се актуелизира, овој пат не како одблесок од некои стари времиња исполнети со романтизам и крв, туку како појава на лицата што секојдневно ги гледаме околу нас. Еве го резултатот:

Читај повеќе

Кон филмот „Животинска фабрика“ на Стив Бушеми

Овој филмски наслов веројатно многумина ќе го поврзат со легендарната книга „Животинска фарма“ на англискиот класик Џорџ Орвел. Тоа е секако далеку од вистината, но сепак постојат две лабави допирни точки што се наѕираат и во двата случаја. Првата, и поочигледната, се крие во епитетот „животинско“ во самите наслови, кој во „фармата“ ја опишува неминовноста од создавањето на хиерархиски систем во затворениот круг на општествените вредности, додека истото „анимално“ чувство во „фабриката“ се наметнува преку животот во слична таква, но по обме помала институција со конкретни задолженија и обврски – затворот.

Читај повеќе