Новиот албум „Интимност“ на модерните британски херои Блок парти во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Новиот албум „Интимност“ на модерните британски херои Блок парти во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Македонската кинематографија остана без еден од своите најрепрезентативни филмски претставници, Бранко Гапо, режисер кој зад себе остави шест долгометражни остварувања и повеќе од четириесет документарни филма, со што се вбројува меѓу најплдоните автори на оваа почва.
Откачениот музички фрик со новиот материјал во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Да го славиме животот со сите негови подеми и падови! Блек ен вајт! Јин-Јанг!
Славната реченица која многу пубертетлии, но и повозрасни од нив, со гордост, како „Оче наш“, ја изговараа во 70-те години на минатиот век по смртта на великанот на кунг-фу филмовите, гласеше: „Легендата за Брус Ли никогаш нема да умре“. Неговото влијание врз светската популација стана појасно дури по фаталниот 20 јули 1973 година, кога за време на снимањето на филмот „Игра на смртта“, Брус Ли колабираше, очигледно страдајќи од епилептични напади. По земањето на лековите, тој заспа и никогаш повеќе не се разбуди.
Најмистериозниот бенд во современата музика и во нашиот град. Пред тоа, Обојени програм!!!
Конечно, се случи и тој величествен момент: по „Жега“ на Мајкл Мен, требаше да поминат 13 години за фантастичните Роберт де Ниро и Ал Пачино да сфатат дека мора да снимат уште еден заеднички филм. Резултатот се вика „Праведно убиство“ и е генијален!
Роденденски меѓупростор на Радио Равел, во кој мои и Ваши гости се Тина и Васко од најпотентниот македонски бенд Бернајс пропаганда.