Архива за месец: февруари 2024

„Странецот“ на Ками и нужноста од квалитетни лектирни изданија

Првата лектира во средно училиште која ме извади од сопствената кожа беше „Странецот“ на Албер Ками. Ако добро паметам, се обработуваше во трета година, и беше вистинско освежување меѓу задолжителните четива по македонски јазик поради провокативноста на темите што ги обработува, толку провокативни и пркосни за еден средношколец со пубертетски мустаќиња. Затоа деновиве решив да ја препрочитам и да осознаам што било тоа што на времето ме треснало од земја. Но препрочитувањето од оваа перспектива и со овој ум отвори и други прозорци за размислување. 

Читај повеќе

Музејот „Бардо“ и легендарната Картагина во Тунис

Вообичаен почеток на патувачките советници е „When in Tunis…“. Кога си во Тунис, кој во последниве години повторно се отвори за туристите по демонстрациите за време на „арапската пролет“, една од неизбежните дестинации е музејот „Бардо“ во главниот истоимен град на оваа симпатична северноафриканска држава. Се работи за еден од најважните музеи во медитеранскиот регион, втор на „црниот“ континент според богатството на својата колекција, по Египетскиот музеј во Каиро. Меѓу изложеното, најрепрезентативна и највозбудлива за гледање и доживување е најголемата колекција во светот на зачувани римски мозаици, која плени со својата убавина.

Читај повеќе

Влезот и излезот од „Твин пикс“, излезот и влезот во зоната на пишувањето

На 24 февруари 1989 година, точно во 11ч30м претпладне, агентот на FBI Дејл Купер влезе во Твин пикс, и се чини дека никогаш не излезе оттаму. Серијата која дополнително ја усложнуваше психолошката ситуација додека старата федерација се распаѓаше, и ден-денес е во сеќавањата на филмофилите поради бескрајните можности со кои ни ја скокоткаше фантазијата. Миксот на реалното и оностраното, зачудното, беше добитната комбинација на „Твин пикс“. Но, ако во првата реченица зборуваме за влез во нешто, влез некаде во непознатото, за успешна приказна е потребна и обратната ситуација – излезот. Тоа режисерот Дејвид Линч многу добро, во само една реченица, го објаснува на втората фотографија подолу.

Читај повеќе

Обележувач на страници, Граничник, Bookmarker  

Некои издавачи практикуваат своите изданија да ги објават со придружен обележувач на страниците. Дизајнот вообичаено е кохерентен со корицата на книгата, но тоа и не мора да биде правило. Други издавачи, пак, своите книги ги објавуваат со клапни на кориците, кои исто така може да му послужат на читателот, кога ќе заврши со читањето, со клапната да обележи до која страница стигнал. На одредени педантни читатели овој начин не им е пријатен бидејќи сметаат дека така книгата може да се оштети, а истите особено се згрозуваат доколку читателот немарно ги витка краевите од страниците. Признавам, повремено и јас сум еден од нив, додавајќи сол на раната со признанието дека неретко со молив отстрана пишувам и фусноти, кои потоа ги користам при пишувањето на одреден текст. Како и да е, се чини дека најсуптилното решение е користењето на обележувачот на книги, Граничникот или Букмаркерот, како што милувате, доколку секако, го имате при рака. Доколку не… 🙂

Читај повеќе

Ѕвездени моменти во музејот „Орси“ во Париз

Една од главните париски дестинации на туристите е легендарната црква „Нотр дам“, која францускиот литерат Виктор Иго ја овековечи во своето дело во далечната 1831 година. Но, пред да го посетите ова велелепно здание во срцето на Париз, кое во последниве години интензивно се реновира по пожарот во 2019 година, топла препорка претпладнето да го минете во „Орси“, кој се наоѓа недалеку оттука. Поранешната железничка станица е едно од музејските места кои морааат да се посетат за време на престојот во Градот на светлината, бидејќи на едно место се собрани делата на многу ликовни мајстори од минатото. Меѓу нив и сјајната слика „Ѕвездена ноќ над Рона“ на Винсент ван Гог, која си поигра со мојот ум.

Читај повеќе

Герила радио

Младинскиот образовен форум е прекрасна платформа во чиј фокус се младите и нвното критичко размислување во однос на многу актуелни општествено-политички теми. Во текот на годината се одвиваат еден куп работилници и настани, а постојан гласноговорник на фреквентните активности е Радио МОФ, кој може да се слуша 24/7.

Домаќинот Илија Гиле Ангеловски, чија емисија има завидна километража, ме покани во ценетата емисија „Герила радио“ да помуабетиме за книжевноста, музиката, филмот… за Скопје во 90-те и 2000-те, за ноќниот живот, концертите, медиумите… и сите оние работи кои животот го прават поподнослив и поубав. Баш уживав пред микрофонот после дооооолго време.

Читај повеќе

Годишнина од смртта на Достоевски

Денес е годишнина од смртта на Фјодор Михајлович Достоевски (11.11.1821 – 9.02.1881). По тој повод, еве една песна од Чарлс Буковски. Сосема легитимно е прашањето: а каква врска имаат Достоевски и Буковски? Па, за почеток, презимињата им завршуваат на -ски, а не се Македонци 🙂

Читнете ја песната, зборува за моќта на пишаниот збор 😉

Читај повеќе

Посета на приватниот Етно музеј во Подмочани

Кога одите кон Преспа, најмалку што очекувате е да наидете на приватен музеј, особено во место со итар-пејовско име како Подмочани. „Кај нас државните музеи во внатрешноста едвај преживуваат, а камоли приватен музеј“, се наметнува заклучокот, и застанувате да видите и дознаете за што се работи. Полни сте со очекувања, особено затоа што претходно никогаш не сте чуле за ваков музеј во овие краишта. На крајот изненадувањето е пријатно, пред се’ поради ентузијазмот на едно семејство, кое својот живот го посветило на благородната идеја на посетителите да им „подари“ етнолошка колекција на носии од целиот Балкан, и други пријатни и не помалку вредни изненадувања.

Читај повеќе