На штотуку завршеното 15-то издание на „Македокс“, наградата „млад кромид“ за најдобар дебитантски документарен филм ја доби „Баломанија“ на Сисел Морел Даргис. Филмот на данската режисерка се издвои од останатите со својот квалитет, и беше единствен наслов кој фигурираше во мојата и во листите на Маел Генгес и Воутер Јансен, како членови на жирито кое одлучуваше за оваа престижна награда. Се разбира, со колегите на долго и на широко дискутиравме за сите филмови во одличната селекција составена од девет први или втори остварувања на младите режисери, но „Баломанија“ со својата позитивна енергија ни ги освои срцата.
Авторска архива: Игор Анѓелков
Стариот лисец Роберт де Ниро
Роберт де Ниро се шетка низ Њујорк возејќи ја на велосипед својата ќерка Хелен Грејс.
„По 50 години брак, еден ден внимателно ја погледнав сопругата и реков: „Пред 50 години имавме евтина куќа, канта-автомобил, спиевме на софа и гледавме програма на 10-инчен црно-бел телевизор, но секоја вечер спиев со жешка 23-годишна девојка. Сега имам дом од 500.000 долари, автомобил од 45.000 долари, убав голем кревет и телевизор со голем екран, но спијам со 69-годишна жена. Ми се чини дека не ги согледуваш добро нештата“.
Расказот „Некролог“ објавен на пет јазици
Вчера мојата приказна „Некролог“ од збирката раскази „Двојна експозиција“ ја објави германскиот магазин „Literatur review“. Расказот може да се прочита на дури пет јазици: француски, англиски, шпански, арапски (!) и, се разбира, на германски јазик, во превод на Ксенија Чочкова.
Читај повеќе26 јули
Овој датум е запишан во историјата на градот како пресвртен момент, како меѓник меѓу провинцијално и современо Скопје. За жал, природната катастрофа однесе многу жртви, наши сограѓани, но градот продолжи да се развива, сеќавајќи се на тој кобен ден во 1963 година, кој засекогаш е врежан во кодот на Скопјаните.
Читај повеќеШабан Трстена
По повод утрешното отворање на 33-те Олимписки игри во Париз, потсетување на еден од нашите најуспешни спортисти. Роден во Скопје, а претставувајќи ја Југославија, Шабан Трстена освои златен медал на Олимписките игри 1984 во Лос Анџелес, а сребрен медал четири години подоцна во Сеул. Тој со тогашните 19 години се’ уште е најмладиот спортист кој освоил медал во борење во историјата на игрите,
Читај повеќеМесечина, 55 години потоа
Утрешниот датум, 21 јули, засекогаш е врежан во историјата на човештвото како ден кога првото човечко суштество направи отисок со стапалото на Земјиниот сателит. Со мисијата „Аполо 11“ беше заокружен напорот на човештвото да биде физички присутно на друго небесно тело, што се повтори уште неколку пати со следните „Аполо“ мисии. Вкупниот број на космонаути кои оделе по правливата месечева површина досега е дванаесет среќници, на чии приказни,се разбира, не им верува добар процент од луѓето, но мора да има и такви претставници, чисто за да се задржи демократскиот момент во целиот овој вселенски спектакл. Во денешниот текст ќе се задржиме на неколку интересни моменти преку фотографии и приказни поврзани токму со овие активности кон крајот на 60-те години од минатиот век, чија реминисценција веројатно ќе гледаме многу скоро.
Читај повеќеЈадица
Со овој прилог ќе се обидеме да се прилагодиме на овие неподносливи летни сахарски температури. Истовремено, инспирирани од фотографиите од риечкиот рибен пазар, можете да „украдете“ некоја идеја за денешниот ручек. Цените на рибите се во куни, бидејќи посетата на прекрасниот и магичен град на Јадранот се случи пред две години, кога се’ уште не беше воведено еврото како платежно средство. За поетиката е задолжен г-нот Џибони, кој во 2016 година, на албумот „Фамилија“ објавен во соработка со Оливер Драгојевиќ, ни ја подари една од најубавите јадрански песни во новиот милениум. Уживајте 😉
Udica se zadije za prste
Taman ono koliko joj triba
Da se čovik siti da je dobro
Što se nisan rodi kao riba
„(Н)ЕУРО 2024“ во Германија
Вечерва, по одгирувањето на финалниот натпревар меѓу Шпанија и Англија, ќе го дознаеме новиот европски фудбалски владетел во следните четири години. Според игрите, тоа сосема го заслужува новата шпанска генерација со сите шест победи досега, но гледајќи од англиска перспектива, судиската секогаш е последна. Германија беше добар домаќин на „најбалканското“ европско првенство, со најмногу квалификувани репрезентации досега од овој дел на Европа. И како и во 2006 година, кога беше домаќин на светското фудбалско првенство, таа остана со кратки ракави во однос на медалите. Но тоа е разбирливо кога во оваа генерација немаат голгетер од рангот на еден Јирген Клинсман, да речеме. Затоа тој и неговата „Буба“ добија заслужено место како насловна фотографија на овој текст, кој претставува мал хајлајт на најинтересните случувањата на „ЕУРО 2024“ во изминатиот месец.
Иднината на планетата Земја е извесна
Во моментов во Австралија температурите се движат меѓу 15 и 20 степени. Користејќи го ова „студено“ време во овој дел од годината, тие истражувале и наишле на еден многу добар проект токму од овие простори, решавајќи да го применат и на нивно тло. Со оглед на се’ поголемите суши и пожарите кои во минатите години му се случија на овој контиент, тие одлучија да го инаугурираат „Денот на дрвото“, кампања која на големо се рекламира под мотото „Засади ја својата иднина“. На местото на Борис Трајанов решија да го повикаат нивниот славен музичар, кој во последниве декади живее на британска адреса, но тој сепак е нативен Австралијанец и добар избор за главно лице на еко-проектот.
„Кант игра фудбал“ на Виктор Жмегач
Насловот на книгата „Филозофот игра фудбал“ го парафразира првиот, и на некој начин, воведен и методичен егземпларен есеј „Кант игра фудбал“ во книгата на хрватскиот мислител Виктор Жмегач. Тој го споредува фудбалот кој го играат најдобрите светски екипи со оној кој го играат селските клубови, духовито навестувајќи ја фудбалската утопија – средба на светскиот првак со екипата од малото населено место Цабуна. Авторот заклучува дека предлогот “не е фер”, но и’ придава моќ на самата игра – и на тоа како би било весело во тој натпревар светските прваци да изгубат од Цабунчани, поентирајќи – тоа би била победа на моралот над спортот. Впрочем, и светските шампиони и момците од Цабуна играат со топка која подеднакво е кружна, но за овие другите таа не е предмет кој “значи пари”. А тие момци, и понатаму дрибла Жмегач, “веројатно не слушнале за Кантовата книга за естетиката, каде токму самите тие се алегориски приказ на клучната мисла на теоријата на уметноста и основата на убавината на филозофот“, бидејќи, не’ потсетува на асот од Конигсберг – “убаво е она што е исполнето со самобитна смисла и не и служи на некоја друга, хетерономна цел”.
Читај повеќе