Синоќа стартуваше 82-то издание на венециската Мостра, со филмот „La Grazia“ на Паоло Сорентино. Програмата “Хоризонти”, пак, ја отвори новиот филм „Мајка” на Теона Митевска. На најстариот филмски фестивал во светот многу славни филмаџии ги претставуваат своите нови проекти, а меѓу нив и големиот руски режисер Александар Сокуров, кој се враќа „дома“, во Венеција, со документарниот филм „Дневникот на режисерот”.
Шетам низ родниот град и наидувам на огромното платно во центарот на кое се соопштува дека некој доага во Скопје. Откако во последно време почна видот да ми трокира и малку да ме подлажнува, оддалеку читам „Нико Доага во Скопје“. Паметам дека се работи за партизан-херој од Крушево, чие име стана тамошен бренд за тутун, и си велам, добро, веројатно се ребрендирале и доаѓаат во Скопје, односно, го префрлиле седиштето во главниот град. Но нели забрането е да се рекламираат цигари?
Од 7 до 12 август во Дојран по четврти пат се одржа Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“. Со колегите Христос Пасалис (актер и режисер од Грција) и Теодосија Добријанова (бугарска режисерка и продуцентка) ја имав честа да бидам дел од меѓународното жири кое одлучуваше за фестивалските награди. Официјалната селекција содржеше пет филмови кои доаѓаат од земји кои се дел од медитеранскиот басен, додека селекцијата на краткометражни остварувања содржеше петнаесет наслови.
Минатиот месец, на 42то издание на Филмскиот фестивал во Минхен, довчерашниот генерален секретар на ФИПРЕСКИ, Клаус Едер, заслужено ја доби почитта од меѓународната заедница на филмски критичари. Почесниот говор го одржа германскиот критичар Тило Видра, кој потоа му ја додели статуетката на славеникот. Од неговиот текст објавен на веб-сајтот на ФИПРЕСКИ го пренесуваме текстот посветен на г-нот Едер, кој зад себе има 38-годишно искуство во водењето на најстарата и најценетата организација на филмски критичари во светот.
Деновиве од печат излезе преводот на македонски јазик на романот.„Киклоп” од Ранко Маринковиќ, според многумина, еден од најдобрите хрватски романи во 20. век. Книгата е дел од популарната едиција “ПРОаЗА” на ИЛИ-ИЛИ. Оваа книжевна гозба со многузначности, од нејзиното првично објавување во 1965 година, никогаш не го загуби своето значење, а тоа е едно од мерилата за квалитетен роман – да биде свеж, модерен и релевантен и по шест децении од излегувањето од печат.
Еднаш еден пријател се обиде да ми ја објасни разликата меѓу “нас” и “нив”, иако не беше јасно кои би требало да сме “ние” и “тие”. Пријателот, по престојот во Америка, се враќал во Европа, крај него седела постара госпоѓа која на неговото прашање “каде патува?” невино одговорила: “Во Европа. Во Минхен… Тоа е град во Европа, зар не?” Откако добила потврден одговор, госпоѓата заспала не будејќи се се’ до слетувањето на минхенскиот аеродром.
Во пресрет на денот кога човечката нога за прв пат стапна на Месечината (21 јули 1969), излегоа интересни податоци кои велат дека ние, Земјаните, досега сме оставиле над 200 тони ѓубре на нашиот небески „придружник“. „Луѓето веќе оставиле зад себе околу 200 тони опрема и отпад на Месечината – од чизми и лопати до фрлени ранци и срушени вселенски летала. Овие остатоци, оставени од минатите мисии, формираат неочекуван слој од човечката историја расфрлана по површината на Месечината“, вели истражувањето.
Секое лето си има свој блокбастер, а ова очигледно ќе се памети по ново-стариот „Супермен“. Првиот суперхерој кој го гледав како дете заслужува внимание, после сите верзии што во меѓувреме ги доживеа и кои ја исцицаа сета креативност од оваа моќна стрип приказна. Ме интересираше колку новиот Супермен се базира на првичната сторија и на она што Ричард Донер ни го „подари“ на сребрениот екран пред речиси педесет години, колку лепушкастиот актер Дејвид Коренсвет достојно ги носи наметката и гаќите на легендарниот Кристофер Рив, бев љубопитен и дали младиот актер Николас Хоулт уверливо го одигрува негативецот Лекс Лутор, првично креиран од ненадминатиот Џин Хекман, и секако, дали наивкото со наметка повторно ќе ја врати Земјата малку наназад, а потоа малку нанапред, за да го врати времето и да ја спаси љубената. Згора на тоа, бев додатно мотивиран на подмладокот, на чија возраст веројатно ја гледав првата верзија на „човекот од челик“ од 1978 година, да му откријам еден нов филмски свет во кој царува желбата за правдина и емпатијата кон човечката раса во неволја, барем така беше во оригиналот. И така тргна приказната.
Со финалниот меч меѓу ПСЖ и Челзи, вечерва во 21 часот по средноевропско време се затвора првото светско клупско првенство во фудбал, со кое ФИФА испишува нова страница во историјата на „најпопуларната споредна работа на светот“. Како и секое првороденче (кое, според народната, „се фрла во вода“), и ова не помина којзнае како, но ќе се памети како вовед во новата приказна која секои четири години, на едно место, ќе ги собира најдобрите клубови од сите континенти, за да ги одмерат силите и да се добие најдобриот меѓу нив.
Во рамките на второто издание на Интернационалниот фестивал на кратки филмови „Абас Кјаростами“, синоќа во официјалната селекција беше прикажано нашето десетминутно остварување насловено „Крстопати“ (Crossroads). Филмот е одговор/реплика на познатиот документарен филм на славниот ирански режисер од 2005 година насловен „Патишта“ (Roads), и ја истражува темата „Во кој момент се вкрстуваат патиштата на авторите од две различни култури?“