Авторска архива: Игор Анѓелков

„Авторот и градот. Игор Анѓелков и Скопје“

пишува: Мерсиха Исмајлоска

„Во Скопје има еден човек. Работи во книжарница близу улицата на липите. Тој човек напиша книга со наслов „Ветрилиште“ и во неа ги има и липите и Скопје, но тоа Скопје е Скопје небаре во владеење на античкиот бог Хад.

Читај повеќе

Кон „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска

Деновиве од печат ќе излезе второто издание на романот „Три Марии“ (Арс либрис) од Оливера Ќорвезироска, информација која само може да не’ израдува затоа што репринтот на едно книжевно издание не е баш честа појава, особено не на роман објавен во тековната година, само пред неколку месеци. Растргната меѓу промоцијата на изданијата на другите автори што како уредник ги приредува за читателите, како и со организацијата и жирирањето на една нововостановена книжевна награда, авторката скромно ја објави информацијата на својот профил, небаре се работи за секојдневие во кое добрите книги се препечатуваат толку често, што на публиката и’ преостанува да бара уште, и уште, и уште… само добра литература. Сето ова беше доволна провокација да ја препрочитам книгата и да ги споделам впечатоците за ова исклучително дело, кое во меѓувреме се закити и со престижното „Рациново принание“.

Читај повеќе

„Тие доаѓаат!“

„3I/ATLAS Just Sent THIS Transmission — And It CONFIRMS Our Worst Fears!“

„James Webb Telescope Just Detected 3I/ATLAS is CHANGING Course — And It’s Heading Toward Earth“

Ова се само два од стотината наслови со кои во изминатиот период сме бомбардирани од сите страни. Јали е комета или не е комета… де не се однесувала како класична комета… де се појавиле некои чудни светла… де се работи за интергалактички вселенски брод што ќе удри во Марс… де вонземјаните ќе ја посетеле/нападнале Земјата за прв пат… итн, итн…

Читај повеќе

Кон „Паноптикон“ на Георге Сикарулидзе

Победник на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“, чие десетто, јубилејно издание финишираше на почетокот на минатиот месец, e грузискиот филм „Паноптикон“ на сценаристот и режисер Георге Сикарулидзе. Жирито во состав Срдан Голубовиќ (режисер), Владимир Самоиловски (кинематографер) и Хамед Солејманзадех (филмски критичар) својата одлука ја образложија на следниот начин: „Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на очекуваното, внесувајќи нè во светот на личниот, кревкиот и еротски универзум на главниот лик. Чувствителноста, храброста, непредвидливоста и ранливоста на ликовите во филмот создаваат мозаик од необичен и фасцинантен свет на непознатата Грузија“. Сето ова е доволна провокација за потсетување и препорака за филмот, претставувајќи го во продолжение ова мало ремек-дело од различни агли.

Читај повеќе

„Ноември“… збор ил два…

Денеска од печат излезе мојата прва стихозбирка насловена “Ноември”. Месецот кој е меѓник меѓу присутната есен и надоаѓачката зима, исполнет со меланхолија. А ако нема добра доза на меланхолија – нема ниту добра поезија.

Се радувам што по минатогодишното објавување на романот “Ветрилиште” на истиот, роденденски датум, повторно честам книга. Во продолжение следи потребата да објаснам зошто се одлучив да станам поет на „50+“ 🙂

Читај повеќе

„Таму каде што не сме“ од Георги Господинов

Денес од печат излезе стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов. По шесте прозни изданија и една детска книга, „ИЛИ-ИЛИ“ прв пат објавува негова поезија, во препев на Никола Маџиров, кој стоеше и зад изборот на песни насловен „Балади и распади“ во издание на „Блесок“ во 2011 година.

Читај повеќе

„Ништо“ од Ханиф Курејши

Денес од печат излегува новиот превод на роман од омилениот современ британски писател Ханиф Курејши, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. По објавувањето на „Интимност“, „Нешто да ти кажам“ и „Последниот збор“, ова е фино заокружување на делата на писателот на македонски јазик, овој пат во превод на Милан Дамјаноски.

Читај повеќе

Студиото „Ханза“ во Берлин

Кога сте во „главниот град на Европа“, како што одамна го нарекувам Берлин, една од главните точки за посета е музичкото студио „Ханза“, низ кое во децениите наназад поминале многу светски музички ѕвезди. Се разбира, највеќе се прослави кога Дејвид Боуви во 70-те години таму ја сними својата прочуена „берлинска трилогија“ составена од албумите „Low“, „Heroes“ (и обата објавени во 1977) и „Lodger“ (1979).

Ќе бидам искрен, немав намера да правам „драма“ околу оваа приказна, туку само сакав за момент да бидам таму, во тој простор, кој е бајаги видозименет од славните денови во минатото. Истовремено наслушнав дека не е дозволена индивидуална посета, или пак дека би можело да се направи туристички аранжман со поголема група, но само доколку однапред се најавиш и го договориш за тоа. И двете варијанти не ми се допаѓаа, па затоа се задржав на основната замисла, и се радувам што на крајот ја остварив.

Читај повеќе

„Чума“ од Албер Ками

„Втората депониска криза“ во метрополата, по онаа во 2023 година, на улица ги изнесе градските стаорци, а експертите предупредија дека може да дојде до епидемиолошка криза, потсетувајќи не’ на времињата од 16 и 17 век, кога натрупаното ѓубре предизвикало смртоносни зарази. Сето ова беше добра причина во домашната библиотека да ја дувнам прашината од класикот „Чума“ на Ками и да го препрочитам после долго време. Издаден во 1970 година во славната библиотека „Атлас“ на издавачката куќа „Македонска книга“, онаа со незаборавен зелено-бел дизајн на корицата и со сугестивното лого во средината, романот е во превод на Вера Христова.

Читај повеќе

Кон изложбата „Лица“ во галеријата „Метаноја“

Во четвртокот во прекрасниот простор во центарот на Скопје се отвори тематската изложба „Лица“, како осмо продолжение од серијалот „Несовршен простор“ кој во годиниве наназад континуирано го организира Здружението за култура „Транзен“. Втор пат по ред во галеријата „Метаноја“, а претходно во други градови низ Македонија, овој проект покажува конзистентност нудејќи преглед на најпотентното во моментов на домашната ликовна сцена, истовремено продуцирајќи и покажувајќи несомнен квалитет.

Читај повеќе