Педесет и две години по нејзиното завршување, шаховската олимпијада во Скопје и понатаму останува една од најголемите спортски манифестации одржани во нашата метропола. Од 18 септември до 13 октомври 1972 година, Скопје бил светскиот центар на шахот, каде истовремено, и за прв пат, се одржале и машката (јубилејна, 20-та) и женската (5-та) шаховска олимпијада. Поради добрите искуства, оттогаш олимпијадите во двете конкуренции се организираат истовремено.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Спорт
Шабан Трстена
По повод утрешното отворање на 33-те Олимписки игри во Париз, потсетување на еден од нашите најуспешни спортисти. Роден во Скопје, а претставувајќи ја Југославија, Шабан Трстена освои златен медал на Олимписките игри 1984 во Лос Анџелес, а сребрен медал четири години подоцна во Сеул. Тој со тогашните 19 години се’ уште е најмладиот спортист кој освоил медал во борење во историјата на игрите,
Читај повеќе„(Н)ЕУРО 2024“ во Германија
Вечерва, по одгирувањето на финалниот натпревар меѓу Шпанија и Англија, ќе го дознаеме новиот европски фудбалски владетел во следните четири години. Според игрите, тоа сосема го заслужува новата шпанска генерација со сите шест победи досега, но гледајќи од англиска перспектива, судиската секогаш е последна. Германија беше добар домаќин на „најбалканското“ европско првенство, со најмногу квалификувани репрезентации досега од овој дел на Европа. И како и во 2006 година, кога беше домаќин на светското фудбалско првенство, таа остана со кратки ракави во однос на медалите. Но тоа е разбирливо кога во оваа генерација немаат голгетер од рангот на еден Јирген Клинсман, да речеме. Затоа тој и неговата „Буба“ добија заслужено место како насловна фотографија на овој текст, кој претставува мал хајлајт на најинтересните случувањата на „ЕУРО 2024“ во изминатиот месец.
„Кант игра фудбал“ на Виктор Жмегач
Насловот на книгата „Филозофот игра фудбал“ го парафразира првиот, и на некој начин, воведен и методичен егземпларен есеј „Кант игра фудбал“ во книгата на хрватскиот мислител Виктор Жмегач. Тој го споредува фудбалот кој го играат најдобрите светски екипи со оној кој го играат селските клубови, духовито навестувајќи ја фудбалската утопија – средба на светскиот првак со екипата од малото населено место Цабуна. Авторот заклучува дека предлогот “не е фер”, но и’ придава моќ на самата игра – и на тоа како би било весело во тој натпревар светските прваци да изгубат од Цабунчани, поентирајќи – тоа би била победа на моралот над спортот. Впрочем, и светските шампиони и момците од Цабуна играат со топка која подеднакво е кружна, но за овие другите таа не е предмет кој “значи пари”. А тие момци, и понатаму дрибла Жмегач, “веројатно не слушнале за Кантовата книга за естетиката, каде токму самите тие се алегориски приказ на клучната мисла на теоријата на уметноста и основата на убавината на филозофот“, бидејќи, не’ потсетува на асот од Конигсберг – “убаво е она што е исполнето со самобитна смисла и не и служи на некоја друга, хетерономна цел”.
Читај повеќеСент Паули, анархо-панк на трибините и на тревникот
Фудбалскиот клуб Сент Паули, по тринаесетгодишна пауза, следната сезона повторно ќе игра во елитната „Бундеслига“. Со тоа се случи еден преседан – тие за прв пат ќе играат во лига од повисок ранг од попознатиот тим од истиот град, Хамбургер, некогашниот европски шампион, кој во 1983 година во Атина го совлада Јувентус со 1-0 во финалето на КЕШ, со голот на Феликс Магат. На тој начин навивачите на Сент Паули за прв пат ќе почувствуваат како е да се биде број еден во својот град, со надеж дека тоа ќе потрае и во следните сезони.
Читај повеќеСпортски игри на младите
Од 21 до 25 август, Сплит беше домаќин на завршницата на меѓународниот настан „Спортски игри на младите“. Во 10 дисциплини се натпреваруваа повеќе од 10 илјади деца и младинци од Хрватска, Србија и БиХ, земјите кои беа дел и од овој завршен спектакл. Во претходните месеци преку 260 илјади учесници беа дел од игрите, а финалињата се одиграа токму деновиве во „главниот град на Далмација“. Најатрактивно беше на просторот „Прокуратива“, каде овој единствен медитерански плоштад од 19 век се претвори во фудбалска арена на која се одржа и ревијален натпревар на кој учествуваа поранешните фудбалски ѕвезди како Луис Фиго, Кристијан Карембе, Естебан Камбијасо, Мехмед Баждаревиќ, Звонимир Бобан, Немања Видиќ, Аљоша Асановиќ… а како единствен претставник од Македонија беше селекторот кој не’ однесе на Европското првенство, Игор Ангеловски.
Пицигин
Пицигин е игра која се игра со мало топче на песочна плажа, во плиткото, или што би се рекло, до глуждови. Ова е „најсплитскиот“ спорт кој на плажите се појавил пред доаѓањето на фудбалот.
Квалификации за Конференциска лига 2023-2024: Хајдук – ПАОК 0:0
Претпладнето ништо не навестуваше дека вечерта Пољуд ќе гори. Погледнат од северната страна на Марјан, стадионот-школка се топеше на летното сонце.
Читај повеќеВелосипедски круг околу Мавровско езеро
Деновиве чичко ФБ со две фотографии ме потсети на фамозната 2020 година, кога во време на полициски часови и домашни притвори во текот на ковид пандемијата, јуниор за прв пат, на 6-годишна возраст, се искачи до врвот на Водно. Договорот за следната авантура падна тоа лето, кога го посетивме Маврово, и кога изразивме желба за една велосипедска авантура околу езерото. Но знаев дека работата прво треба да созрее, да купиме и нов велосипед (откако оној стариот кој го офарбавме со спреј одамна го надраснавме) и психички да се подготвиме за предизвикот. И еве, после три години, дојде време за еден прекрасно поминат викенд-ден на велосипед околу мавровското езеро.
Читај повеќеЗанимливости од фудбалските Мундијали
Во пресрет на финалето на Светското фудбалско првенство во Катар (честитки на Хрватска за бронзата!), а по текстот објавен претходно, насловен „Фудбал и политика“, ги негувам моите спортски афинитети со собрани занимливости поврзани со минатите светски фудбалски првенства, чисто онака, за викенд-опуштање и забава, бидејќи многу од нив се на работ на рубриката „верувале или не“. Уживкајте 😉