Музички вести за актуелни албуми и концерти во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Второто издание по одличниот првенец на Мугер Фугер, во фокус во вечерашниот меѓупростор на Равел.
Музики од последните десетина емисии во вечерашниот јубилеен меѓупростор на Радио Равел.
Бен Харпер со новиот материјал херој во вечерашниот меѓупросторот на Радио Равел. Но и Морисеј 😉
„Demon days“ е вториот албум на сајд-проектот „Горилаз“ на Дејмон Албарн од „Блур“, вечерва како повод да се потсетиме на прекрасниот брит-поп како музички израз.
Освен „убијците“ од Лас Вегас, вечерва фокус и на музиката на Kaiser chiefs. Stay tuned 😉
Mooger Fooger е бенд каков што му требаше на Скопје, музички едуциран, тврдокорно автентичен и возбудлив до крајност. Со истоименото деби од минатата година, Сецко и пријателите успеаја да помрднат многу звучни граници на овие простори. Спонтаноста е нивниот главен адут, а живите настапи моментот кога адреналинот го креваат на највисоко ниво. По читањето на ова интервју, провокацијата за слушање на нивниот материјал ќе стане ваша вистинска потреба. Проверете зошто!
Минатата, 2005 година, деби албумот „Меѓу четири ѕида“ на Дени те Чува беше едно од највозбудливите изданија на овие простори. Албумот е акустичен, што е прилично храбар потег, иако момците милуваат истиот бомбастично да го исвират на нивните живи свирки. Таков беше случајот со свирката на „Рок кафе 2“ во салата „Градски парк“, каде мелодичниот хард-кор квартет направи вистинско шоу: динамичен ритам, бројни фанови кои пеат од срце и на сиот глас, два светлечки факела за збогатување на декорот, и многу-многу енергија. Иако интервјуто го правиме без присуството на Јане (гитара) и Коста (бас), тука се Шон (вокал) и Кечо (тапани) за доловување на нивната приказна, визија, љубов и страст – кон МУЗИКАТА!