Архива за категоријата: Музика

Радиото е мојата прва медиумска љубов, и како долгогодишен водител на музички емисии на Канал 103 и Радио Равел (1997-2009) продолжувам да ја следам музиката во сите нејзини возбудливи форми на изразување, пишувајќи за моите минати и моментни музички фасцинации ;-)

„EKV revisited“ во jубилеjниот „Мезанин“ бр. 200

Во изданието бр. 200 на меѓупросторот на Радио Равел, уживајте во изборот на музиката во јубилејната емисија на 96 ФМ, со фокус на албумот „EKV revisited“.

Читај повеќе

Џеф Бакли во „Мезанин“

Во меѓупросторот на Радио Равел, уживаме во музиката на Џеф Бакли, Џон Фрушанте и Џој дивижн. Ова е сериозно „3-Џ“ издание на „Мезанин“, колку и смешно да звучи насловот 🙂

Читај повеќе

Јан Кертис се’ уште во нашите срца

Кон „Контрола“ на Антон Корбијн

Очигледно Манчестер во последниве години е прилично интересна тема за филмаџиите. По одличниот „24 час луѓе за забава“ на Мајкл Винтерботом, во кој ја разголува музичката сцена на овој град од 80-те години на минатиот век, овој пат дојде редот и за едно биографско остварување. Долги години откако сопругата на пејачот и текстописец на Џој дивижн, Дебора Кертис, ги објави мемоарите поврзани со нејзиниот сопруг, харизматичниот Јан Кертис, оваа приказна под наслов „Контрола“ се појави и на големото платно.

Читај повеќе

Nitin Sawhney во „Мезанин“

Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус на албумот „Philtre“ на Индиецот со британски пасош Нитин Сони. Пред тоа, ги преслушуваме новите синглови на македонските артисти 😉

Читај повеќе

Bossa n’Roses во „Мезанин“

Босановата во последниве години ја освои светската музичка сцена. Вечерва го слушаме во целост албумот посветен на темите на славните металци Ганс енд роузис, но во Босанова руво.

Читај повеќе

Марк Ланеган во „Мезанин“

Во 190 издание на меѓупросторот на Радио Равел, колаж од нови музики. На стартот простор за генијалецот со темен вокал, Марк Ланеган, затоа фигурира и во насловот.

Читај повеќе