Архива за категоријата: Музика

Радиото е мојата прва медиумска љубов, и како долгогодишен водител на музички емисии на Канал 103 и Радио Равел (1997-2009) продолжувам да ја следам музиката во сите нејзини возбудливи форми на изразување, пишувајќи за моите минати и моментни музички фасцинации ;-)

Се појавуваат… и исчезнуваат… „The Young Gods“ во Скопје

По две ипол декади, фантастичниот швајцарски индустријал рок бенд „The Young Gods“  повторно гостува во нашиот град, во рамките на европската турнеја „Appear disappear“ која солидно ја затераа уште од минатата година, по излегувањето на актуелниот истоимен албум на 27 март. За таа цел, батко Игор навреме го нарача ЛП-то од нивниот сајт, и со пресметаното заглавување во нашата пошта од минимум два месеци, некаде по новогодишните празници константно уживам во новиот материјал, подготвувајќи се за настапот во живо. Билетот веќе одамна е купен, а концертот ете го, се приближува, во сабота, во 21 часот, во МКЦ. Благодарност „Password production“! Can’t wait!!!

Читај повеќе

„Angel’s Breath de/re/konstrukt“ – Živa Voda ft. Darko Rundek

Деновиве уживам во повторното читање на легендарниот албум „Angel’s breath“ на Милан и Суба од 1994 година. Нивната соработка под светлото бразилско сонце од деценија во деценија добива се’ поголемо значење, па „препрочитувањето“ на материјалот со универзални вибрации е сосема очекувано, па дури и пожелно. Минатата година „Менарт“ го објави ЛП-то „Angel’s Breath de/re/konstrukt“ на проектот „Жива вода“ во соработка со Дарко Рундек, кој и во претходни наврати сакал да преработи песни од неговиот добар пријател од ЕКВ. Кога го слушнав материјалот, буквално одлепив со каков авангарден пристап музичарите на песните им дале сосема нов живот и здив. Тргнувајќи да најдам повеќе информации за проектот, наидов на еден прекрасна рецензија која ги содржи повеќето работи кои и јас сакав да ги напоменам во текстот. Затоа одлучив да го „позајмам“ освртот од колегите на страницата „Тhoughts Words Action“, кој можете да го прочитате подолу.

Читај повеќе

Кон албумот „Памти па врати“ на „Нема лабаво“

По 52 дена чекање, конечно ми стигна едно драгоцено ЛП кое го нарачав на 1 декември. Со радост отидов во пошта, а љубезните службеници се извинија и ми кажаа дека дента штрајкуваат и дека не се во можност да ми ја дадат пратката. Не инсистирав на ништо, им посакав да ја истераат правдата и да добијат плата, бидејќи нивната егзистенција е далеку поважна од моето ЛП. Мислев дека се наоѓам во ситуација кога „ова ноќ није био мој дан“, ама се излажав, бидејќи малку подоцна ми пиша Шон и ме праша кога сум во книжарница за да ми донесе плоча. Брзо се договоривме да се видиме, и тогаш сфатив дека денес навистина е мојот среќен ЛП ден.

Читај повеќе

Студиото „Ханза“ во Берлин

Кога сте во „главниот град на Европа“, како што одамна го нарекувам Берлин, една од главните точки за посета е музичкото студио „Ханза“, низ кое во децениите наназад поминале многу светски музички ѕвезди. Се разбира, највеќе се прослави кога Дејвид Боуви во 70-те години таму ја сними својата прочуена „берлинска трилогија“ составена од албумите „Low“, „Heroes“ (и обата објавени во 1977) и „Lodger“ (1979).

Ќе бидам искрен, немав намера да правам „драма“ околу оваа приказна, туку само сакав за момент да бидам таму, во тој простор, кој е бајаги видозименет од славните денови во минатото. Истовремено наслушнав дека не е дозволена индивидуална посета, или пак дека би можело да се направи туристички аранжман со поголема група, но само доколку однапред се најавиш и го договориш за тоа. И двете варијанти не ми се допаѓаа, па затоа се задржав на основната замисла, и се радувам што на крајот ја остварив.

Читај повеќе

Прасловенот Зоран Предин во Скопје

Најубаво во животот е кога коцките спонтано ќе се наредат, без однапред да го форсирате крајниот резултат. Човекот што ја напиша и компонираше една од култните песни во поранешната федерација не дека и претходно не бил во Скопје, но ете, патиштата тогаш не ни се сретнаа. Овој пат, преку заедничкиот пријател и неговиот филм насловен според веќе споменатата песна, се случи средбата која беше кратка, но интензивна и полна со топлина. Да, Зоран Предин беше кратко во Скопје, повторно оставајќи длабока трага зад себе.

Читај повеќе

Хигс бозон блуз: Уметноста и староста одат рака под рака

Кон концертот на Ник Кејв во Скопје, 22.08.2025

Шетам низ родниот град и наидувам на огромното платно во центарот на кое се соопштува дека некој доага во Скопје. Откако во последно време почна видот да ми трокира и малку да ме подлажнува, оддалеку читам „Нико Доага во Скопје“. Паметам дека се работи за партизан-херој од Крушево, чие име стана тамошен бренд за тутун, и си велам, добро, веројатно се ребрендирале и доаѓаат во Скопје, односно, го префрлиле седиштето во главниот град. Но нели забрането е да се рекламираат цигари?

Читај повеќе

Последната фотографија на Морисон

Ова е последната позната фотографија од Џим Морисон, фотографирана од Памела Курсон на овој ден, 28 јуни, во 1971 година. Тој е опуштен и освежен, и воопшто не изгледа како дивата рок-ѕвезда која на сцената доживува трансфорамции од песна во песна. Морисон и и неговата девојка биле во Париз веќе извесно време, за конечно да се случи таа фатална ноќ во кадата, кога лидерот на The Doors, за жал, бил пронајден мртов.

Читај повеќе

„ОФФест“ #24: Суптилна Африка

Според добрите познавачи на современата музика, и годинава „ОФФест“ го задржа добриот курс, „подарувајќи“ ни четири музички вечери кои можат да го задоволат сечиј вкус. За мене особено е важна „Африканската вечер“, која се одржа на третиот фестивалски ден, во саботата, на 7 јуни. По минатогодишната фантастича понуда, се разбира дека очекувањата повторно беа големи.

Читај повеќе

Ѓорче и Битола – две винилни компилации за едно големо задоволство!

Вчера во „Дајмонд мол“ се случи пазар на плочи на кој присуствуваа десетина изложувачи кои, според реакциите на посетителите, имаа сосема задоволувачка понуда. Со тоа уште еднаш се докажа дека винилот во последнава деценија и кусур е единствениот носач на звук за кој се’ уште има интерес и кој се’ уште е на цена. Убаво беше да се видат старите колекционери-мрчатори на едно место како повторно ги преџвакуваат веќе слушнатите приказни, но и новите генерации како си бираат албуми оригинално објавени во години кога тие воопшто не биле ниту идеја, а веројатно и нивните родители се’ уште не си беше фрлиле мерак. Се разбира дека во таква пријатна атмосфера човек може да потроши вистинско богатство пополнувајќи ги дупките во својата домашна колекција која функционира како бунар без дно, па затоа се одлучив да им дадам шанса на две тазе компилации од домашни артисти, чија вредност во следните години може само да расте. И не згрешив!

Читај повеќе

Пијаното на Сакамото

Пролетта 2019-та година, Рјичи Сакамото постави пијано во неговиот двор во Њујорк и го остави изложено на надворешните влијанија за да набљудува како пијаното ќе се врати во природата. Пијаното гордо опстојуваше низ годишните времиња неколку години, пред конечно да се пресели во градината на неговиот пријател во Њу Стејт. Овие фотографии ја покажуваат трансформацијата и убавината на пијаното додека и’ се враќа на природата, слично на човековото стареење, разголувајќи ја до срж минливоста на времето.

Читај повеќе