Архива за категоријата: Скопје

Скопје како љубов, Скопје како инспирација, Скопје како движење, Скопје како омраза… Скопје како начин на живот!

„Бесачи“ од Мекдона во МНТ

Со поставувањето на текстот „Бесачи“ на современиот британско-ирски драматург и режисер Мартин Мекдона, нашиот театар може да се пофали дека одвреме-навреме знае да се прилагоди на современите светски текови. Едноставно, Мекдона е еден од најценетите современи драматурзи во светот, и да се има негов текст на домашната театарска сцена е потег за почит. И уште кога на ова ќе се додаде дека претставата е бомба, тогаш имате вистински погодок во целта.

Читај повеќе

„Иванов“ од Чехов во МНТ

Во вторникот вечер имавме прекрасна можност да присуствуваме на двоен настан во чест на славниот руски писател Антон Павлович Чехов. Во 19 часот во фоајето на Македонскиот народен театар се одржа промоцијата на книгата „Иванов, две верзии (1887/1889)“, а еден час подоцна ja гледавме и театарската претстава на сцената на МНТ, кој продукциски стои зад обете задоволства.

Читај повеќе

Интервју со Вељко Булајиќ

Вчера почина великанот на филмската уметност Вељко Булајиќ (1928-2024). Доживеа длабока старост, како што заслужува еден партизан. Во 2008 година беше гостин на „контраверзното“ издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кој се одржа на релација Битола-Скопје. Имав можност да направам интервју со г-нот Булајиќ, кому секогаш му е драго кога се враќа во омиленото му Скопје. Токму тој беше „виновникот“ за филмот „Скопје 63“ кој одекна низ светот, и на нашиот град му го донесе потребниот публицитет и можност за помош од многу братски земји, после кој се крена како феникс од пепелта.

Читај повеќе

„Светот што го избрав“ од Калина Малеска

Вчера од печат излезе новата книга од Калина Малеска, во издание на ИЛИ-ИЛИ. Насловен „Светот што го избрав“, ова е третиот роман во нејзината библиографија, објавен по десетгодишна пауза. Во меѓувреме авторката издаде една теориска книга и по две збирки раскази и книги за деца за истата скопска издавачка куќа.

Читај повеќе

30 години „Маргина“

Овој месец се навршуваат три децении од објавувањето на првиот број на „Маргина“. Добро се сеќавам, годината беше 1994, во некогашната заедничка држава војната се’ уште не го имаше достигнато деструктивниот врв, а во „оазата на мирот“ се појави часописот за сурфање по рабови, како повик кон збунетите млади луѓе кои бараа поинакво мислење од она што секојдневно се сервираше во вестите на телевизиските канали. „Маргина“ одигра значајна улога во првата декада од осамостојувањето на државата нудејќи лепеза од теми релевантни во моментот, чие ехо го чувствуваме и ден-денес, но во сосема поинаква форма. Во текстот ќе се обидам да се потсетам на одредени моменти како дел од редакцијата на „Маргина“, на тој начин чествувајќи го тридецениското постоење на часописот кој најпрво „сурфаше по рабовите“, а потоа орбитираше како списание за „ширење на децентралистичка култура“. Подгответе се за субјективен времеплов низ шаренилото од светови кои ги нудеше „Маргина“ на читателите, сами создавајќи ја сликата за значењето на овој проект 😉

Читај повеќе

Мирко Попов (1972-2024)

Вчера замина Мирко Попов. Како ретко кој, тој успеа да го поистовети родниот град во кој живееше и твореше со уметноста што ја создаваше. Сите ние со нашето делување и однесување ја креираме сликата за градот како шаренило од темпераменти и можности, но сепак, кога него ќе го видев на улица, си велев: “Еве го модерно Скопје!”

Читај повеќе

Уметноста и убавината на јапонските кукли

На први март во Археолошкиот музеј во Скопје беше отворена изложбата „Нингјо“, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Јапонија и нашата држава. Експонатите, избрани од колекцијата на Јапонската Фондација, патуваат низ целиот свет, а македонската публика ќе може да ужива во нив заклучно со 26 април.

Читај повеќе

„Звучни слики“ на Владимир Мартиновски

Годината беше 2020, пандемијата сите не’ излудуваше, но Скопскиот џез фестивал си имаше редовно издание во Националната опера и балет во третата недела од октомври. Со маски и раздалечени бајаги еден од друг, проследивме неколку навистина возбудливи концерти, впрочем, како и секогаш кога се работи за институцијата СЏФ. По еден од нив, на враќање дома преку плоштад, Мартиновски на неколкумина од нас во групата ни соопшти дека за време на концертите, доколку е силно инспириран од музиката која ја слуша во моментот, го вади мобилниот телефон, и на една софтверска програма црта слики. Четири години потоа, Марта со своја изложба во МКЦ!

Читај повеќе

Герила радио

Младинскиот образовен форум е прекрасна платформа во чиј фокус се младите и нвното критичко размислување во однос на многу актуелни општествено-политички теми. Во текот на годината се одвиваат еден куп работилници и настани, а постојан гласноговорник на фреквентните активности е Радио МОФ, кој може да се слуша 24/7.

Домаќинот Илија Гиле Ангеловски, чија емисија има завидна километража, ме покани во ценетата емисија „Герила радио“ да помуабетиме за книжевноста, музиката, филмот… за Скопје во 90-те и 2000-те, за ноќниот живот, концертите, медиумите… и сите оние работи кои животот го прават поподнослив и поубав. Баш уживав пред микрофонот после дооооолго време.

Читај повеќе

„Илина и шумските тролови“ од Хана Корнети

По успешното деби со збирката раскази „Млечни заби“, талентираната Хана Корнети „не’ изненадува“ со роман за деца насловен „Илина и шумските тролови“. Нурнете се во ова возбудливо патување заедно со Вашите најмили.

Читај повеќе