Овој датум е запишан во историјата на градот како пресвртен момент, како меѓник меѓу провинцијално и современо Скопје. За жал, природната катастрофа однесе многу жртви, наши сограѓани, но градот продолжи да се развива, сеќавајќи се на тој кобен ден во 1963 година, кој засекогаш е врежан во кодот на Скопјаните.
Синоќа сите патишта водеа во Рим… пардон, во Кисела вода. Добро, нешто слично, но не баш исто Синоќа „Суперхикс“ прославија 30 години од своето постоење со спектакуларен мега настан во паркот „Расадник“, со многу гости на сцената, со убава енергија, со насмеани лица од сите генерации… Присуството беше задолжително, затоа што требаше да им се оддаде почит на дечките за инаетот, издржливоста, креативноста и безбројните песни кои сите ние со години наназад си ги певуцкаме во разни прилики и ситуациии во оваа наша небиднина.
Како што зрелите цреши не’ радуваат во доцна пролет, така и „ОФФест“ редовно ни причинува задоволство во овој период од годината веќе по 23-ти пат, земајќи го најдоброто од „светската музика“ и подарувајќи ни го на дланка во нашиот град. Годинава во мојот фокус е Африка како убавица која на светот се’ уште му дава изворни возвишености, а организаторите тоа многу добро го знаат, и првите два фестивалски дена им беа посветени токму на бендовите од овој инспиративен музички континент. Впрочем, „ОФФест“ отсекогаш имал добро чувство за современите музички тенденции, па по плејадата модерни звуци од Јужна Америка во првото десетлетие и кусур, овој пат следиме концепт „back to the roots“ во кој навистина имаме што да видиме, чуеме и научиме. Она што David Byrne од Talking heads го започна уште во 90-те со неговата продуцентска куќа „Luaka bop“ во меѓувреме стана канон кој треба да се следи и почитува.
Вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ при МКЦ беше изведен детскиот мјузикл на македонски јазик „Приказната за генијалната Матилда“, како дел од Фестивалот на детска креативност „Трамболини“. Препевот е на Весна Малинова, преводот на Јована Лалчевска, актерската игра на Радо Алексовски, а кореграфијата на Лара Иванова и Јована Спиркоска. Настапија членовите на Студиото за мјузикли за деца и младинци „Broadway JR“.
Масада е древна тврдина во јужниот дел на Израел, која се наоѓа на врвот од изолирана карпа во форма на плато, на источниот дел од Јудејската пустина, крај Мртвото Море, 20 километри источно од Арад. Историчарот Јосиф Флавиј во своите списи запишал дека Ирод Први Големиот изградил палата за себе на планината, и ја утврдил Масада во годините меѓу 37 и 31 година п.н.е. Тврдината била последното упориште на крајот од првата Еврејско-Римска војна, кога трупите на Римското Царство извршиле опсада и со месеци се обидувале да ја заземат. Оваа историска приказна завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе – сикариски бунтовници и нивните семејства кои се криеле таму. Масада денес е едно од најпопуларните туристички места во Израел, и како значенски термин често метафорично се користи за храброст, одважност, издржливост, непокорност… Токму овие значење во својот актуелен драмски текст поставен во „Драмски театар“ во Скопје ги преиспитува Венко Андоновски, со фокус на прашањето за убиството и самоубиството.
Деновиве во центарот на градот, на улицата „Македонија“, се одржа фестивалот на емоциите и сеќавањата. Случајните минувачи и патниците-намерници можеа да видат и со нив да стапат во интеркација со десет различни улични живи статуи, чии костимирани приказни ги симболизираа прекинатите врски. Инспириран од популарниот загрепски „Музеј на прекинати врски“, кој го посетив неодамна и за кој набргу ќе можете да прочитате токму овде, на „Херој“, настанот е вистинско освежување на централното градско јадро, кое мора секогаш да осмислува нови начини за да ги анимира своите граѓани, но и туристите кои се во посета на метрополата. Тоа мора да се случува, ако не секој ден, тогаш секој викенд, за Скопје да заличи на главен град, место кое ќе биде на мапата на европски градови кои со задоволство ќе мораат да бидат посетени од оние кои го живеат животот во постојано движење.
Дали е добро воопшто да не се лаже, или понекогаш, кога за тоа налагаат околностите, да се пласираат т.н. „бели лаги“, особено кога се работи за деликатна ситуација во која може да се растурат долгогодишни пријателства и брачни заедници? Ова е основата на текстот „Лагата“ на Флоријан Зелер, кој во Македонскиот народен театар одлично функцинира на сцената благодарение на двојниот актерски тандем Јордан Симонов-Габриела Петрушевска и Оливер Митковски-Драгана Левенска.
Со поставувањето на текстот „Бесачи“ на современиот британско-ирски драматург и режисер Мартин Мекдона, нашиот театар може да се пофали дека одвреме-навреме знае да се прилагоди на современите светски текови. Едноставно, Мекдона е еден од најценетите современи драматурзи во светот, и да се има негов текст на домашната театарска сцена е потег за почит. И уште кога на ова ќе се додаде дека претставата е бомба, тогаш имате вистински погодок во целта.
Во вторникот вечер имавме прекрасна можност да присуствуваме на двоен настан во чест на славниот руски писател Антон Павлович Чехов. Во 19 часот во фоајето на Македонскиот народен театар се одржа промоцијата на книгата „Иванов, две верзии (1887/1889)“, а еден час подоцна ja гледавме и театарската претстава на сцената на МНТ, кој продукциски стои зад обете задоволства.
Вчера почина великанот на филмската уметност Вељко Булајиќ (1928-2024). Доживеа длабока старост, како што заслужува еден партизан. Во 2008 година беше гостин на „контраверзното“ издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кој се одржа на релација Битола-Скопје. Имав можност да направам интервју со г-нот Булајиќ, кому секогаш му е драго кога се враќа во омиленото му Скопје. Токму тој беше „виновникот“ за филмот „Скопје 63“ кој одекна низ светот, и на нашиот град му го донесе потребниот публицитет и можност за помош од многу братски земји, после кој се крена како феникс од пепелта.