Освен регуларните студиски и лајв албуми, британските трип-хоп херои снимаат и добра филмска музика 😉

Освен регуларните студиски и лајв албуми, британските трип-хоп херои снимаат и добра филмска музика 😉
Легендарната њујоршка панкерка Пети Смит издаде прекрасен албум со преработки на нејзини, но и наши омилени теми. Вечерва го преслушуваме во целост.
Во последното издание за оваа сезона, избор на прекрасни кул музики: Симон Трчевски, Balanesqu quartet, Air… Enjoy yourself!
Во меѓупросторот на Радио Равел, уживаме во музиката на Џеф Бакли, Џон Фрушанте и Џој дивижн. Ова е сериозно „3-Џ“ издание на „Мезанин“, колку и смешно да звучи насловот 🙂
По долгогодишно учење на филмскиот занает во Холандија, минатото лето режисерката Анета Лешниковска ги окупираше улиците на Скопје, снимајќи го својот прв долгометражен филм со интересен наслов, всушност, прашање: Боли ли? Па да, боли кога се снима дебито, бидејќи од него зависи развојот на целата понатамошна кариера, а според она што можеме да го видиме на големото платно во киното “Фросина”, авторката е на добар пат кон остварување на својата цел.
Давид Ангелевски издаде прекрасен деби албум, вечерва e наш и Ваш гостин на 96 мегахерц. Stay tuned 😉
Вечерва во магазинот француските електронски херои, бендот Air, и нивниот нов албум Pocket symphony.
Во вечерашното издание посвета на прекрасниот албум Ballad of the broken seas на Изобел Кемпбел и Марк Ланеган. Уживанција!