Во последното издание за оваа сезона, избор на прекрасни кул музики: Симон Трчевски, Balanesqu quartet, Air… Enjoy yourself!

Во последното издание за оваа сезона, избор на прекрасни кул музики: Симон Трчевски, Balanesqu quartet, Air… Enjoy yourself!

Во меѓупросторот на Радио Равел, уживаме во музиката на Џеф Бакли, Џон Фрушанте и Џој дивижн. Ова е сериозно „3-Џ“ издание на „Мезанин“, колку и смешно да звучи насловот 🙂

По долгогодишно учење на филмскиот занает во Холандија, минатото лето режисерката Анета Лешниковска ги окупираше улиците на Скопје, снимајќи го својот прв долгометражен филм со интересен наслов, всушност, прашање: Боли ли? Па да, боли кога се снима дебито, бидејќи од него зависи развојот на целата понатамошна кариера, а според она што можеме да го видиме на големото платно во киното “Фросина”, авторката е на добар пат кон остварување на својата цел.

Давид Ангелевски издаде прекрасен деби албум, вечерва e наш и Ваш гостин на 96 мегахерц. Stay tuned 😉

Вечерва во магазинот француските електронски херои, бендот Air, и нивниот нов албум Pocket symphony.

Во вечерашното издание посвета на прекрасниот албум Ballad of the broken seas на Изобел Кемпбел и Марк Ланеган. Уживанција!

Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз легендарниот албум „My life in the bush of ghost“ од 1981 година на Брајан Ино и Дејвид Брн.

Во 186 издание на магазинот, повторно музика од ЛП-ја, и тоа Б-страни од албуми на Кокто Твинс, Баланеску квартет, Ник Кејв и Кејт Буш.
