Една од главните париски дестинации на туристите е легендарната црква „Нотр дам“, која францускиот литерат Виктор Иго ја овековечи во своето дело во далечната 1831 година. Но, пред да го посетите ова велелепно здание во срцето на Париз, кое во последниве години интензивно се реновира по пожарот во 2019 година, топла препорка претпладнето да го минете во „Орси“, кој се наоѓа недалеку оттука. Поранешната железничка станица е едно од музејските места кои морааат да се посетат за време на престојот во Градот на светлината, бидејќи на едно место се собрани делата на многу ликовни мајстори од минатото. Меѓу нив и сјајната слика „Ѕвездена ноќ над Рона“ на Винсент ван Гог, која си поигра со мојот ум.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Уметност
Посета на приватниот Етно музеј во Подмочани
Кога одите кон Преспа, најмалку што очекувате е да наидете на приватен музеј, особено во место со итар-пејовско име како Подмочани. „Кај нас државните музеи во внатрешноста едвај преживуваат, а камоли приватен музеј“, се наметнува заклучокот, и застанувате да видите и дознаете за што се работи. Полни сте со очекувања, особено затоа што претходно никогаш не сте чуле за ваков музеј во овие краишта. На крајот изненадувањето е пријатно, пред се’ поради ентузијазмот на едно семејство, кое својот живот го посветило на благородната идеја на посетителите да им „подари“ етнолошка колекција на носии од целиот Балкан, и други пријатни и не помалку вредни изненадувања.
Читај повеќеМал историјат на први фотографии
За филмот како водечка уметност во 20 век, повеќето од луѓето кои покажале барем мала љубопитност за неговите почетоци, знаат дека тој датира во март 1895 година со проекцијата на филмот „Работниците ја напуштаат фабриката Лимиер“ секако, на пионерите, браќата Луј и Аугуст Лимиер. Но за официјален се смета токму утрешниот датум, 28 декември, кога во истата година кога прикажани серија од кратки сцени од секојдневниот живот во Франција, за што за прв пат се наплаќале и влезници. Знаеме дека луѓето ги фатило уплав при проекцијата на снимката од влегувањето на возот на железничката станица во Париз, мислејќи дека тој ќе излезе од платното и ќе ги згази. Но, дали знаете која е првата фотографија воопшто во историјата? Не? Во овој текст ќе се занимаваме токму со тоа, со првите фотографии на различни теми. Се надевам дека добро ќе се забавувате, а притоа и едуцирате. Секако, вообичаено за ваков преглед, ќе одиме хронолошки.
Читај повеќеЗемјената уметност од песок, камења и школки на Џон Формен
Во период од годината кога дури и во земја како нашата сонцето е само посакувана невидлива ѕвезда таму некаде, далеку во нашата галаксија, не е на одмет со мислите малку да се преселиме на некоја плажа, но плажа на која освен звукот на морските бранови и неоставрените желби проектирани во далечината на хоризонтот, ќе уживаме и во уметноста која еден посветен човек ни ја „подарува“ од срце.
Читај повеќеМузеј на современа уметност „Гунценхаузер“
Музејот „Гунценхаузер“ е музеј и уметничка галерија лоцирана во Кемниц, третиот по големина град во Саксонија, Германија. Содржи 2.459 дела од 270 модерни уметници од 20 век, собрани од трговецот со уметнички дела д-р Алфред Гунценхаузер. Музејот беше отворен во декември 2007 година во присуство на германскиот претседател Хорст Келер и е еден од најважните музеи на модерната уметност во Германија.
Читај повеќеКон изложбата „Таен премин кон месечината“ на Ване Костуранов
Љубовта кон куќите, и воопшто, кон уметноста на Ване Костуранов, во нашиот дом трае одамна. Всушност, оваа година година таа љубов стекна полнолетство. Точно осумнаесет години неколку „куќи“ на струмичкиот уметник се дел од нашиот дом. Ние живееме со нив, зборуваме со нив, тие не’ слушаат и не одговараат, но многу добро знаат што се случува: кој е нерасположен, кој е полн со љубов, кој е гневен, кој толерантен, кој е нервозен, кој емпатичен… И така со години. Тие се сведоци на нашиот светоглед, на нашето растење, созревање, стареење… затоа со особено задоволство ја очекувам секоја следна изложба на Ване, сепак, мудро избегнувајќи ја непотребната гужва на отворањето, бидејќи преферирам на раат да си поглаголам со неговите нови куќи.
Читај повеќеКон мултимедијалната изложба „Фрагментирани реалности“ на Страхил М. Петровски во КИЦ
По просторната инсталација и перформанс насловен(и) „Гласови“ во синагогата во Братислава, и фотографската и видео инсталација со наслов „Мементо мори“ во Уметничката галерија во Куманово, Страхил М. Петровски го заокружува креативниот период во тековната 2023 година со мултимедијалната изложба „Фрагментирани реалности“ во салоните „Империјал“ 1 и 2 во Културно информативниот центар во Скопје. Ова е негово јубилејно, дваесетто самостојно претставување пред публиката, овој пат под кураторство на Маја Чанкуловска Михајловска.
Читај повеќеКон изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски
Датумот први септември секогаш носел убавини и изненадувања. Едно од нив станува и изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски во Националната галерија на Македонија, триесет и кусур години по неговото последно самостојно ликовно претставување пред јавноста. Каква возбуда!
Читај повеќе„Хрватскиот поморски музеј“ на Грипе
Приказната сакаше да „трзнам“ од втора. Имено, при истражувањето на Сплит во „слободен стил“ пред четири години, патот ме наведе кон средновековната тврдина „Грипе“, според која е крстена и легендарната спортска сала, која тогаш беше во зоната на мојот интерес. Го забележав симпатичниот музеј посветен на морето и сите негови богатства низ приказни создадени од човекот, но некако не ми беше предизвик да го посетам. Овој пат со драго срце го сторив тоа и пријатно се изненадив. Музејските поставки се прекрасни, и на крајот од посетата добив чувство дека тоа е еден сосема засебен свет, за мене далечен и недопирлив, но сепак препознатлив преку книжевноста и филмовите. Всушност, кога подобро размислив, се работи за цел еден начин на живот кој многу луѓе на „третиот камен од Сонцето“ со векови го практикувале создавајќи своја лична историја. Затоа Ве поканувам да ги погледнете сите чуда кои ги затекнав на оваа музејска авантура. Добредојдовте.
Читај повеќеИзложба „Осаменоста на јавните електрични тротинети“
Извадок од кураторскиот текст во непостоечкиот каталог за изложбата:
„Во напливот на модернистички употребни нешта и реди-мејд предмети, од сета таа затрупаност од сигнификантни постмодерни орудија околу нас, најчесто за една употреба, неодамна во нашиот град пристигнаа и електричните тротинети, кои како кучиња-скитници од комбија беа исфрлени во метрополата, со цел да му помогнат на граѓанинот за побрзо пребродување на саканата цел од точка А до точка Б.
Читај повеќе