Претежно добар како лепче,
понекогаш бесен на цел свет.
Најчесто мирен како бубачка.
Неретко луд, здивен и лут како
ранет лав во савана.

Во меѓувреме никој и ништо.
Ма постојано никој и ништо.
Човек полн со топлина и горчина
како и повеќето на планетава.
Бега од луѓето во здрава самотија,
но му фалат по една недела.
Нема човештво без луѓе, но се’ помалку
вистински луѓе.
Најчесто насмеан и позитивен,
но некогаш би ги столчил сите.
Избегнува кавги, расправии,
но бегајте ако се налути!
Најобичен човек,
речиси ѕвер.

@ Песната „Човек, најобичен“ ја затвора стихозбирката „Скапо е сонцето“ (2025) од Јовица Ивановски
