Домашна ЛП колекција

Купувам плочи уште од крајот на основното училиште. Плочарите на Југотон во ГТЦ и карши кината Вардар навистина беа магични места. Потоа отвори Баги шоп во Мавровка, па уште пар места низ градов каде можеа да се најдат и плочи на старо. Потоа винилот го замени компакт дискот. По долга апстиненција, во годиниве наназад „црното злато“ повторно е во мода. Сега имаме еден куп места каде можеме да се подновиме, но добро функционираат и нарачките од странство. Тоа ми беше одлична можност да се вратам на овој омилен „спорт“ од младоста, и на некој начин, да си ја „прочистам“ колекцијата со плочи и да ги имам само оние кои навистина ми значеле во одреден период од животот. На крајот, еве, решив мојата скромна ЛП колекција да ја направам јавна, и како ќе си се освежам со нешто ново, веднаш ќе ја дополнам листата. Се надевам дека ќе ви изгледа инспиративно и ќе ве потсети на некои албуми кои можеби сте ги подзаборавиле. Или, едноставно, опуштете се и чувствувајте се како на изложба на прекрасен дизајн на насловни ЛП обвивки. So, Ladies and gentleman, Welcome to my LP world!

Читај повеќе

Кротка постновогодишна приказна

Знаев дека не требаше да го исчистам оџакот. Кон крајот на (веќе) минатата година не посакав никаков подарок, и мислев дека ќе си бидам раат на првиот ден од новата година, но утрово тој веќе беше влезен во дневна, си се распослал на масата, мрцнал од „руската“ и, секако, веднаш ми побара и ракиичка. Оф, а јас се’ уште мамурен од ноќеска. Јбг.

Читај повеќе

Планетата Земја е тажна, и тука ништо не може да се стори…

Квантитативно скромно, но квалитативно вредно и сугестивно, „Бункерци“ веќе пет години ја трасираат својата издавачка патека со неколку стрип-изданија на македонски јазик во едицијата „Апсолутни почетници“. Сосема логично беше вака симпатично насловената едиција во своите пазуви да го вдоми и прекрасниот стрип на мајсторот Рајнхард Клајст, со чиј „Олимписки сон“ и почнаа да ја градат нивната стрип-бајка. Германскиот автор  својата интернационална препознатливост ја достигна токму со графичките романи посветени на музичките ѕвезди како Елвис Присли, Џони Кеш, Ник Кејв… меѓу кои најновото дело, издадено лани, му го посвети на најголемата поп икона на 20 век, што значи дека во рацете држите прилично тазе производ.

Читај повеќе

50 роденден на МКЦ

Денеска „Младинскиот културен центар“, поранешен „Дом на млади – 25 мај“, го слави 50 роденден. Како двегодишен постар брат, преку неговата дејност и програма градот го доживував на поинаков начин, учејќи многу нови работи. Како градска институција која неретко служела и за политички поткусурувања и партиски вработувања, сепак, на крајот секогаш успевала да задржи здраво ткиво на квалитетни луѓе кои низ децениите ги организирале најавангардните настани од различни области на културата во метрополата.

Читај повеќе

500 години откако Земјата не е рамна

Еден од најзначајните јубилеи кои се прославија годинава е 500-годишнината од првата пловидба околу Земјината топка, по што и станал јасeн нејзиниот облик. Така морепловецот Фернандо Магелан беше запишан со златни букви во историјата на човештвото. Јас однапред им се извинувам на Рамноземјашите, но фактите си се факти 😉 Сепак, не поминало се’ така мазно, бидејќи ова патување го следеле многу контраверзи и несреќи. Од петте брода на почетокот, само еден ја завршил експедицијата, а Магелан загинал некаде на половина пат. Но, ништо чудно ако се знаат контекстот и околностите околу оваа голема водена авантура која требало да трае една, а се оддолжила на три години.

Читај повеќе

„Далеку од Ирска“ на Вилијам Тревор

ИЛИ-ИЛИ ја издаде збирката раскази „Далеку од Ирска“ на класикот Вилијам Тревор, како 214 издание во едицијата „ПРОаЗА“. Ова е прв превод на негово дело на македонски јазик, за кој е „виновен“ Ацо Пероски.

Читај повеќе

„Сосем обична љубовна приказна“ на Лусија Ечебарија

Од печат излезе нов превод од шпански на македонски јазик на преведувачката Катерина Јосифоска. Се работи за книгата „Сосем обична љубовна приказна“ на Лусија Ечебарија, со поднаслов „интригантна збирка со феминистички раскази“. Ова е 217 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ.

Читај повеќе

Занимливости од фудбалските Мундијали

Во пресрет на финалето на Светското фудбалско првенство во Катар (честитки на Хрватска за бронзата!), а по текстот објавен претходно, насловен „Фудбал и политика“, ги негувам моите спортски афинитети со собрани занимливости поврзани со минатите светски фудбалски првенства, чисто онака, за викенд-опуштање и забава, бидејќи многу од нив се на работ на рубриката „верувале или не“. Уживкајте 😉

Читај повеќе

Фудбал и политика

Иако за време на светските првенства во фудбал барем за момент забораваме на политиката, несомнено, бракот меѓу фудбалот и политиката отсекогаш одел рака-под-рака, па ме интересираше како се развивале настаните во текот на Мундијалите од 1930 година до денешен ден, што се случувало, какви приказни испаѓале во зависност од контекстот и времето во кое се случувале… и еве што забележале хроничарите, информации кои се надевам дека ќе ви бидат интересни и додатно ќе ги коментирате 😉

Читај повеќе

Книжевни разговори со Ивана Сајко

Каков театар сакаме? Класичен или модерен? Ивана Сајко е авторка која се афирмираше со драмски текстови поставени на театарските сцени насекаде низ Европа. Таа го преферира експериментот на сцената, онаму каде што актерот најпрво се чувствува себеси како личност, а дури потоа почнува да го гради ликот кој треба да го соголи пред публиката.

Читај повеќе