Ти ги мислиш дека се во Берлин, а тие – правец Москва! И тоа инкогнито. Едниот со кодно име Мата, а другиот Хари.

Ти ги мислиш дека се во Берлин, а тие – правец Москва! И тоа инкогнито. Едниот со кодно име Мата, а другиот Хари.

На светот му требаат што повеќе убави човечки приказни. Ова е една од нив ![]()
„Оние што не знаат да читаат, не крадат книги, а оние што знаат – не се крадци!“
Ова е 72-годишниот Мохамед Азиз, најфотографираниот книжар во светот. Тој е најдолговечниот продавач на книги во градот Рабат, Мароко.

Со поставувањето на текстот „Бесачи“ на современиот британско-ирски драматург и режисер Мартин Мекдона, нашиот театар може да се пофали дека одвреме-навреме знае да се прилагоди на современите светски текови. Едноставно, Мекдона е еден од најценетите современи драматурзи во светот, и да се има негов текст на домашната театарска сцена е потег за почит. И уште кога на ова ќе се додаде дека претставата е бомба, тогаш имате вистински погодок во целта.

Деновиве од печат излезе нова ИЛИ-ИЛИ книга. Се работи за романот „Црвените очи“ од белгиската писателка Миријам Леруа, во превод од француски на македонски јазик на Светлана Јовановска.

Поминаа 30 години од заминувањето на генерацискиот лидер на новиот бран во музиката на крајот од милениумот. Се сеќавам како да беше вчера. Среде семејната веселба ми пријде еден роднина и ме праша: „Знаеш што се случило синоќа по америчко време?“ „Врска немам“, се насмевнав. „Курт Кобеин се застрелал во глава!“, ми ја соопшти главната светска вест во моментот со наведната глава. Знаеше дека ги сакам Нирвана и дека направив се’ за да ги гледам во живо. Попусто.

Во вторникот вечер имавме прекрасна можност да присуствуваме на двоен настан во чест на славниот руски писател Антон Павлович Чехов. Во 19 часот во фоајето на Македонскиот народен театар се одржа промоцијата на книгата „Иванов, две верзии (1887/1889)“, а еден час подоцна ja гледавме и театарската претстава на сцената на МНТ, кој продукциски стои зад обете задоволства.

Вчера почина великанот на филмската уметност Вељко Булајиќ (1928-2024). Доживеа длабока старост, како што заслужува еден партизан. Во 2008 година беше гостин на „контраверзното“ издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кој се одржа на релација Битола-Скопје. Имав можност да направам интервју со г-нот Булајиќ, кому секогаш му е драго кога се враќа во омиленото му Скопје. Токму тој беше „виновникот“ за филмот „Скопје 63“ кој одекна низ светот, и на нашиот град му го донесе потребниот публицитет и можност за помош од многу братски земји, после кој се крена како феникс од пепелта.

По повод роденденот на славниот дански писател Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875), на 2 април се прославува Меѓународниот ден на книгите за деца. Оваа година пораката стигнува од Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андерсен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.

Деновиве од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман.

Јапонската вселенска агенција (JAXA) утрово извести дека нејзиниот лунарен лендер (SLIM) успешно продолжил со операциите откако преживеал долга и исклучително студена двонеделна ноќ на Месечината. Првата фотографија која пристигнала на Земјата, велат од ЈАХА, ги зачудила сите. По долги дискусии, заклучиле дека се работи за Лајка, руското куче скитник од улиците на Москва, првото живо суштество кое беше пратено во вселената.
