Таг архива: битола

Ѓорче и Битола – две винилни компилации за едно големо задоволство!

Вчера во „Дајмонд мол“ се случи пазар на плочи на кој присуствуваа десетина изложувачи кои, според реакциите на посетителите, имаа сосема задоволувачка понуда. Со тоа уште еднаш се докажа дека винилот во последнава деценија и кусур е единствениот носач на звук за кој се’ уште има интерес и кој се’ уште е на цена. Убаво беше да се видат старите колекционери-мрчатори на едно место како повторно ги преџвакуваат веќе слушнатите приказни, но и новите генерации како си бираат албуми оригинално објавени во години кога тие воопшто не биле ниту идеја, а веројатно и нивните родители се’ уште не си беше фрлиле мерак. Се разбира дека во таква пријатна атмосфера човек може да потроши вистинско богатство пополнувајќи ги дупките во својата домашна колекција која функционира како бунар без дно, па затоа се одлучив да им дадам шанса на две тазе компилации од домашни артисти, чија вредност во следните години може само да расте. И не згрешив!

Читај повеќе

Ангел од повисок ред

Седам на балконот и мрцкам од шопската салата која како мелем ми требаше после интензивно поминатото  време на работа. По нестручното кастрење на дрворедот минатата есен од страна на „Паркови и зеленило“, погледот ми е директно насочен кон контејнерите на улицата. Еден млад момак на 35-40 годишна возраст дојде со моторчето со огромната „направи-сам“ приколка позади, која е двојно поголема од неговото превозно средство, го отвори контејнерот за пластика и од него почна да вади шишиња кои сограѓаните уредно ги селектирале и ги фрлиле на означеното место. Боцнувам домат и краставица наросени со увозно сиренце и ја следам ситуацијата. Момчето полни една голема кеса, пластичните шишиња ги претура во големата платнена приколка на неговиот мотоцикл паркиран среде улица, и се враќа по нова тура. Пред следното боцкање во чинијата пред мене, отворам ФБ на телефонот (модерни времиња, „сурфаш“ за време на ручек) и ми излегува рекламата за концертот на „Архангел“ и „Ареа“ во петок во Битола. Со денови не можам да ја избегнам оваа реклама. Јас, од „висока“ балконска позиција, го следам момчето и неговата борба со контејнерите, истовремено примајќи информација за концертот на „Архангел“ и „Ареа“ во Битола!? Какво време да се биде жив, и да се посведочат овие контрасти!

Читај повеќе

Лајбах в Битола

Со првиот снег дојдоа и Лајбах в Битола! Дефинитивно музички настан, или подобро, културолошки настан број еден викендов, ако не и месецов, во Македонија.

Читај повеќе