Многумина ќе се сложат дека единственото вистинско-вистинско патување е она со возот како превозно средство. Поминувањето низ неверојатни предели и благоста на осамата која притоа ви ја крепи личноста се неповторливо искуство. Токму тоа го опишува реномираниот француски писател Ерик Фај во неговата книга „Моите ноќни возови“, која денес излегува од печат. Преводот од француски на македонски јазик е на Гзиме Старова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Министерството за култура на РС Македонија и Францускиот институт во Скопје.










