Таг архива: урошевиќ

Кон романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ (Арс либрис, 2022)

Конечно, прозниот мајстор кој со децении наназад ja облагородува македонската книжевна сцена со прекрасни приказни, заслужено се вброи меѓу добитниците на наградата „Роман на годината“ за своето дело со генијално долго-осмислен наслов. Можеби тоа го заслужи уште со прекрасниот „Маџун“, мојот дефинитивен фаворит од неговата густа творечка библиографија, но Влада Урошевиќ и понатаму не престанува да изненадува со нови дела од својата книжевна лабораторија, па еве, во подготовка е новата збирка раскази „Вонземјанки“ со поднаслов „Раскази од Латинскиот кварт“, која во издание на ИЛИ-ИЛИ ќе излезе оваа пролет, на радост на бројните читатели и обожаватели.

Читај повеќе

„Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ

Деновиве од печат излезе книгата „Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ (1936-2020), како 198 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Романот е најден во оставината на писателката, завршен и подготвен за печат. Пишуван е од почетокот на 2017 до почетокот на 2020 година.

Читај повеќе

Кон романот „Под усвитеност“ од Димитар Солев

Поминаа шеесет и три години од излегувањето на еден од првите урбани романи во македонската книжевност, „Под усвитеност“ од Димитар Солев, кој авторот го напишал кога имал дваесет и седум години. Солев и’ припаѓа на средната генерација повоени македонски писатели кои со своите први дела ги поставиле темелите на новата, современа македонска литература во втората половина од дваесеттиот век. „Под усвитеност“ е негов прв роман, но втора издадена книга, по збирката раскази „Окопнети снегови“ од 1956 година. И во обете книги „тематската преокупација се случувањата за време на Втората светска војна во Скопје под окупаторската чизма, и судбината на младоста во него што изминува под сенката на тие четири години од царството на смртоносната стихија“, пишува Александар Спасов во поговорот кон прозните дела на Солев, по кои набргу следат и новата збирка раскази „По реката и спроти неа“ (1960) и вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ (1964), во кои од сеќавањата на воените години авторот преминува во книжевно третирање на современоста.

Читај повеќе