Објавувањето на актуелниот „Роман на годината 2020“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ се случи на штандот на „Антолог“ на септемврискиот Саем на книгата, по чие завршување новото дело на Јанковски имаше приоритет меѓу многуте во мојата домашна библиотека кои требаше да се прочитаат. Првите импресии веднаш ги проследив до авторот преку мејл, а деновиве, по препрочитувањето на книгата, токму тој прв импулс преточен во текст го земав како основа за освртот кој следи, секако, надграден со нови забелешки.










