Деновиве од печат излезе новиот роман насловен „Естом“ од Николина Андова Шопова. Во освртот кон книгата, Владимир Јанковски пишува:

Деновиве од печат излезе новиот роман насловен „Естом“ од Николина Андова Шопова. Во освртот кон книгата, Владимир Јанковски пишува:

Драги пријатели, со задоволство го најавувам излегувањето на мојата нова прозна книга, збирката раскази “Двојна експозиција”. Овие приказни одамна ги носев во себе, дел од нив имаа потенцијал за роман, но сепак се одлучив за компактна збирка раскази, во која низ 12-те приказни раскажувам за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Некако чувствувам дека ќе ви се допаднат, зашто ги напишав со кеиф и од срце
Се гледаме од денес во книжарница… но пред тоа, да видиме што вели издавачката куќа

Редно е годината да ја заокружиме на позитивен начин, со гостување на едната половина од ИЛИ-ИЛИ во „Утринска на Телма“, по повод 200 наслов во едицијата ПРОаЗА. Во воведот од разговорот пријатно изненадување, со потсетување на едни не толку далечни времиња
Голема благодарност до Марко, единствениот во македонскиот медиумски простор кој сметаше дека значајниот јубилеј на ИЛИ-ИЛИ треба да се одбележи со интервју, сето останато е копи-пејст варијанта ![]()
Денес од печат излезе нова книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска.

Денес од печат излезе збирката раскази „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг, во превод од полски на македонски јазик на Лидија Танушевска. Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи прози истовремено се трогателни и вознемирувачки. Доколку дијагнозата е точна, имаме голем проблем во Полска“.

Деновиве од печат излезе романот „Чудовиштето“ од Владимир Зарев, како 199 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По преводот на романот „Пропаст“ во 2019 година од истиот автор, овој пат Бранислав Мирчевски од бугарски на македонски ни го „подарува“ ова маестрално дело, на радост на домашните читатели.

Деновиве од печат излезе преводот на „Трилогија за непослушноста“ од Ивана Сајко. Ова е втора книга во едицијата „Сцена“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Трите драми се во превод на Владимир Јанковски, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Деновиве од печат излезе книгата „Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ (1936-2020), како 198 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Романот е најден во оставината на писателката, завршен и подготвен за печат. Пишуван е од почетокот на 2017 до почетокот на 2020 година.

Денеска од печат излегува дебитантската збирка раскази „Млечни заби“ од Хана Корнети, како 197 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Вечерва во „Ла Кања“ ќе се одржи и промоцијата на книгата, која ќе ја води Нина Милева.

На 01 јуни од печат излегува нов роман од домашен автор во издание на ИЛИ-ИЛИ, „Денот на црвот“ од Симона Јованоска, како 195 издание во едицијата „ПРОаЗА“.
